Простувањето е Божја радост

Простувањето е Божја радост, милосрдието не е сентиментализам, ниту слабост во смисла немоќ – пишува Светиот Отец во пораката до младите кои се подготвуваат за следниот 31, Светски ден на млади во Краков.

Простувањето е Божја радост, милосрдието не е сентиментализам, ниту слабост во смисла немоќ – пишува Светиот Отец во пораката до младите кои се подготвуваат за следниот 31. Светски ден на млади во Краков. Папата ги поттикнува младите да го разгорат пламенот на Христовата милосрдна љубов во секојдневниот живот, месечно извршувајќи едно телесно и едно духовно дело на милосрдието.

Во Краков следната година ќе се одржи посебен Светски ден на млади, прв по прогласувањето за свет на Иван Павле II кој е зачетник на собирањето на младите од целиот свет и прв кој во Краков го свикува папата Фрањо; тоа ќе биде вистински „Јубилеј на млади“ – стои во пораката на Папата.

„Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“ е мотото за следниот Светски ден на млади, а Папата во пораката ги поттикнува младите да сфатат дека Божјата љубов кон луѓето е како родителската љубов кон сопствените деца: „во себе способна да создаде простор за другиот, да се сочувствува со ближниот, да страда, да се радува и секогаш да простува“. Светиот Отец тврди дека простувањето е составен дел на милосрдието, бидејќи не е некоја апстрактна идеја, туку реалност. Во Исус сè зборува за милосрдието, Тој е милосрдие, а резимето на Евангелието е во ова: „Простувањето е Божја радост“ – пишува Светиот Отец.

Папата се довери на младите како средбата со еден свештеник во исповедилницата кога имал 17 години му го променила животот, затоа младите ги поттикнува да пристапуваат на светата Тајна Помирување, бидејќи „кога понизно и скрушено го отвораме срцето можеме директно да го искусиме Божјото милосрдие.“ Бог секогаш нè претекнува, нè бара и прв нè наоѓа – пишува понатаму Папата. Затоа ќе биде убаво да се „сретне неговата милостива прегратка“, откривајќи дека исповедилницата е местото на милосрдието, бидејќи „Бог секогаш ни простува и на нас го свртува погледот на бескрајната љубов, а без оглед на нашите гревови, ограничувања и неуспеси, продолжува во нас да верува и со надеж да гледа на нашиот живот.

Папата потоа се осврнува на најнагласениот знак на Божјото милосрдие односно на крстот, како оној кој папата Војтила на младите им го преставил во 1984 година. Крстот сведочи дека е „неизмерна“ Божјата љубов затоа што „во него секогаш ќе ја наоѓаме безусловната љубов која нашиот живот го препознава како добро и секогаш ни овозможува нов почеток.“

Папата потсети дека милосрдието е примање и давање. Единствено ќе бидеме блажени ако влеземе во логиката на дарот, бесплатната љубов ако искусиме дека Бог нас бескрајно нè љуби за да можеме како и Тој да љубиме без мерка. Како да станеме оружје на милосрдието кон ближниот, имајќи на ум дека милосрдието не е слабост, ниту сентиментализам затоа што тоа е мерка на „нашите христијански вредности во денешниот свет?

Папата на младите им предлага да изберат едно телесно и едно духовно дело на милосрдието кое ќе го извршуваат секој месец од јануари до јули 2016 година, бидејќи пораката на Божјото милосрдие е „многу реална и животна програма која бара, која вклучува дела меѓу кои најтешко е делото на простување на „оние кои нè навредиле и кои ни нанеле зло“. Многу млади смета Папата се уморни од поделениот свет во кои разни спротивставени страни водат војни, а дури со религија се оправдува насилството. Единствено со милосрдие може да се победи злото: потребна е праведност, но не е доволна, бидејќи треба праведноста и милосрдието заедно да одат – истакна Светиот Отец.

Краков нè чека со отворени срца и раце – вели Папата повикувајќи ги младите да го управат погледот во Божјите очи „полни со бескрајна љубов и да дозволат до нив да дојде Неговиот милосрден поглед е способен го да промени животот, да ги оздрави раните на душата, да ја задоволи жедта на љубовта, мирот и вистинската среќа. Дојдете кај Него и не се плашете! Дозволете му да ве допре неговото бескрајно милосрдие за да станете апостоли на милосрдието во светот ранет од егоизмот, омразата и големиот очај. Во секојдневниот живот и сѐ до границите на земјата носете го пламенот на Христовата милосрдна љубов, а Папата ќе ве следи со својата молитва – стои на крајот од пораката на Папата.

Папата ги посетува младите дека меѓународниот собир на млади 2016 година по трет пат ќе се одвива во Јубилејна година: прв пат во 1983 и 1984 година во текот на Светата Година на откупувањето, вториот пат во текот на големиот Јубилеј 2000 година кога повеќе од два милиони од 165 држави се собраа во Рим за 15. Светски ден на млади.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот