Прославен празникот Голема Богородица во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Прославен празникот Голема Богородица во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Бискуп Стојанов по повод празникот Марија вознесена на небо – Голема Богородица ја предводеше Понтификалната света Миса во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Со бискупот Стојанов сослужуваа катедралниот парох и декан дон Паво Шеќерија и канцеларот о. Марјан Ристов.

Во својата проповед бискуп Стојанов меѓу другото истакна: Вознесението (Успението) на Марија е порака до нас верниците. Колку посериозно го живееме својот живот и повик на земјата, толку повеќе радост ќе уживаме во небесната слава. Колку повеќе го разбереме и доживееме нашиот позив како одговорно татковство и мајчинство, како солидарна грижа за братот човек во која нѐ носи и поттикнува Божјата љубов, толку повеќе можеме да очекуваме дека и нас Господ Бог ќе не воздигне во небесната слава над ангелите.

Нека постојано на овој пат нѐ храбри примерот на Марија, а нејзиното посредување и застапништво нѐ придружува, за да можеме ние, нејзините деца, заедно со неа да ја уживаме небесната слава, чија врата ни ја отвори Христос со своето воскресение и вознесение, за да потоа и таа влезе преку нив прославена со душата и телото, со што имаме потврда дека Бог ќе го исполни и на нас она што го вети, како што направи со својата скромна слугинка, прославувајќи ја во своето царство за вечни векови.

Катедралата беше исполнета со верници, а за време Мисата пееше катедралниот хор под водство на маестро Јулија, а на крајот од светата Миса имаше процесија околу катедралата со статуата на Мајка Божја.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот