Со Света Архиерејска Литургија во понеделник 12 јули предводена од Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов со сослужение на деканот о. Зоран И. Стојанов, парохот од Богданци о. Тома Ангелов и домашниот парох о. Димитар Ташев свечено беше прославен патрониот празник на парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија.
Во својата проповед епархот Стојанов ги охрабри верниците со животот и делата на светите Петар и Павле и ја истакна нивната љубов кон Бога. Петар како голем исповедник на верата, а Павле како голем проповедник на радосната вест.
На светата Литургија присуствуваа голем број верници, гости од Моин, Стојаково, Богданци и Радово, како и сестри Евхаристинки од Скопје и голем број деца, кои на крајот од светата Литургија беа благословени од епископот Стојанов.
к.мк