На патрониот празник на црквата „Свети Климент Охридски“ во Стојаково, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, во заедништво на свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија, служеше света архиерејска Литургија. На светата Литургија, покрај големиот број верници, присуствуваа и сестрите Евхаристинки.
Во својата проповед владиката Стојанов, на 1100 годишнината од упокојувањето на свети Климент, го истакна големото значење на свети Климент Охридски и неговото дело.
Пред благословот на лебовите, о. Тома Ангелов, парох во Богданци и Стојаково се заблагодари на епископот Стојанов за архиерејската Литругија, како и за проповедта.
За време на Литургијата пеењето го предводеше с. Тереза Стојкова.
По завршувањето на светата Литургија во црковниот двор следуваше агапе и дружење организирано од верниците од Стојаково.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк