Прославен патрониот празник Свети Климент Охридски во Стојаково
Патрониот празник Свети Климент Охридски во Стојаково свечено е прославен со света Литургија во понеделник 8 декември 2014 година, на која о. протоереј ставрофор Георги Трајков проповедаше за животот и делото на Свети Климент Охридски.
На Литургијата сослужува повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија, а сестрите Евхаристинки од Гевгелија со нивното пеење го збогатија литургиското славење.
На крајот од Литургијата о. Тома Ангелов ги пренесе поздравите на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов и заблагодари на присутните свештеници и верниците за нивото присуство.
Потоа следуваше благослов на славскиот колач и заедништво во дворот на Црквата.
к.мк/го*ко
Категорија:
Македонија