Прославен патрониот празник на црквата во Сарај

Прославен патрониот празник на црквата во Сарај

На 8 ноември 2018 година на празникот на светиот великомаченик Димитриј во црквата во Сарај, беше прославен патрониот празник на парохиската црква.

 На свечената Света Литургија предводена од отец Ѓорги Динов во сослужение со повеќе свештеници од Струмичко-скопската епархија присуствуваа голем број на верници од Сарај и околните парохии. Отец Ѓорги Динов во пригодното слово ја истакна важноста на свети Димитриј за нас, денес, како пример кој ние, треба да го следиме. Искреноста на светиот Димитриј во сведочењето на верата да ни биде поттик и денес, излегувајќи од црквата, за отворено и искрено сведочење на љубовта која ја добиваме од Бог.

На крајот од Светата Литургија парохот отец Ванчо Назов ги поздрави присутните и им ги пренесе поздравите и честитките од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Струмичко-скопски епископ и Скопски бискуп.

По Светата Литургија следуваше и пригодно дружење во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот