Прославен патрониот празник на парохијата во Радово

Прославен патрониот празник на парохијата во Радово

Во недела 2 август 2020 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, во сослужение на свештеници од епархијата служеше света архиерејска Литургија по повод патрониот празник на парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово.

Во својата проповед епископот Стојанов осврнувајќи се на ликот на светиот пророк Илија рече: Заедно да е загледаме во величествениот лик на свети Илија. Библиската традиција го смета за голем пророк. Го среќаваме кај Исусовото Преображение како сведок заедно со Мојсеј дека Исус Христос навистина е возљубен Син Божји. Наскоро ќе го славиме Христовото Преображение и ќе го сретнеме Илија како сведок. Кога ќе се слушнат зборовите на Отецот: овој е мојот возљубен Син, него слушајте Го. Стариот завет во повеќе книги го опишува посланието на пророкот Илија. Пред нас е ликот а човекот со силна и непоколеблива вера. Кога сиот Израел отпадна од Бога и го изневери сојузот со Бога, единствено Илија остана како браник или громобран, во честа на вистината и Божјата слава. Жестоко се бореше за Законот на Вистината, Како Божји глас, известител, беше сотрен, прогонуван и прогоненик. Но, Бог не го напушти. Илија е голем патник како прогоненик и голем страдалник. Со тоа стана и знак не само кој проповедува, туку кој и со својот живо докажува дека Вистината и љубовта Божја не се „евтина роба“. За Божјата вистина и љубов се исплаќа да се плати со трпение. Сепак тоа трпение станува извор на награда: Илија пред нас стои како голем чудотворец на Негово заговор мртвите воскреснуваат, болните оздравуваат, а гладните добиваат храна.

Денес, Евангелието според евангелистот Лука ја спомнува вдовицата од времето на Илија во Серепта. Него го слушаат и небото и земјата кои се вртени кон Бога. Во тој свој жар ревност и труд, тој не смее да биде уморен. И Илија и покрај тоа што е претставен така грандиозно, останува само човек. Во еден миг се даде во бегство. Тогаш ангелот од небото го потсетува и му дава храна, леб од небото, и кога го среќава Бога од Хорив послушно се враќа назад за да биде обновител на верата  меѓу својот народ.

Зарем ние во својата христијанска пракса не се чувствуваме понекогаш уморни. Зарем нам не но доаѓаат на ум зборовите на пророкот Илија: Господи ни јас не сум поинаков од татковците наши, земи ми го животот. Зарем не се чувствуваме понекогаш дека залудно молевме или залудно се трудевме да бидеме верни на Бога, кој тоа од нас не го почувствувал. Денес ни прозборува Божјиот глас, не плаши се Илија, јас сум со тебе. Браќа и сестри да не допуштиме во живото на верата да нѐ совлада искушение на малодушноста и сомнежот. Божјата провидност никогаш не го напушта човекот, ниту Илија, ниту тебе, ниту мене. Да се верува во Бога значи да му се довериме Нему, да ги предадеме Нему нашите грижи, својот товар. Да ги довериме на Божјата Провидност и облаците на дождот, но и сушата. Никогаш да не се умориме да се бориме за спасение на нашата душа.

Парохот о. Зоран И. Стојанов се заблагодари на епископот за неговото присуство и отслужената света Литургија, а благодарност исто така упати и до сите оние кои придонесоа за свеченоста на овој празник.

По завршувањето на света Литургија епископот Стојанов во дворот на црквата го благослови заедничкото агапе, подготвено од црковниот одбор.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот