Прославен патрониот празник на катедралата во Струмица

Со света архиерејска Литургија во петок 28 август 2015 година предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица е прославен патрониот празник на катедралата.

На светата Литургија, покрај бискупот Стојанов сослужуваше и бискупот Ѓерѓи Дод, Апостолски администарор на Косово, како и бројни свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија, Скопска биксупија и регионот.

„Драги браќа и сестри го славиме најголемиот празник во чест на блажена Дева Марија и нејзиното славно успение и вознесение на небо. (…) Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се високо воздигнати во благословеноста на непобедливиот Христос и дека токму ова воздигнување е постигнато во Богородица Марија“ – истакна епископот Стојанов во својата проповед.

По завршувањето на Литургијата во дворот на црквата Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов го благослови агапето приготвено од црковниот одбор.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот