Прославен паторниот празник на парохијата во Радово

Прославен паторниот празник на парохијата во Радово

Со света архиерејска Литургија, која Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ја служеше на 2 август 2023 година, во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ – Радово е одбележан патрониот празник на парохијата. На светата архиерејска Литургија со епископот Стојанов сослужуваа свешеници од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија, а ѓаконската служба ја извршуваше ѓаконот Петре Ичев.

На свеченоста покрај верниците од Радово присуствуваа и верници од други места и парохии, како и сестрите Евхаристинки. Свеченоста започна со свечена процесија.

Во својата проповед епископот Стојанов ги поздрави свештеници, чесните сестри, присутните верници и оние што се на брановите на Радио Марија, а потоа се осврна на животот на светиот пророк Илија истакнувајќи некои важни моменти од неговиот живот, претставувајќи ги како патоказ за денешните христијани.

Парохот отец Илија Стојанов на крајот од светата Литургија се заблагодари на епископот Стојанов за неговото присуство, како и на сите оние кои го дадоа својот придонес околу подготовките на патрониот празник, посебно истакнувајќи ја својата благодарност кон донаторите и волонтерите за заедничкото агапе.

По завршувањето на светата Литургија во дворот на црквата беше благословено заедничкото агапе подготвено од црковните одборници и волонтерите.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот