Прославен Божик во Охрид

Верниците од католичката црква „Свети Кирил и Методиј и свети Бенедикт“ во Охрид свечено го прославија празникот Рождество Христово – Божиќ.

Прославата започна со Полноќна Миса на која присуствуваа голем број верници, гости од странство, како и студенти. На божиќната светата Миса покрај претставникот од Македонската православната Црква – ОА, присуствуваше и градоначалникот на општина Охрид, господин Никола Бакрачески.

Светата Божиќна Литургија ја служеше о. Оливер Тантушев кој им го честита празникот на сите верници, а ги пренесе и честитките од Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов.

По завршувањето на божиќната Литургија верниците меѓусебно си го честитаа празникот Рождество Христово и си посакаа мир и здравје.

к.мк/о.О.Т.

Категорија: Македонија

За авторот