Прославен Божик во Охрид

Верниците од парохијата „Свети Кирил и Методиј и свети Бенедикт“ – Охрид со свечена Божиќна Литургија го прославија Божик-Раѓањето Христово.

Светата божиќна Литургија ја служеше парохот отец Оливер Тантушев, кој покрај божиќната проповед, ја пренесе и Божиќната порака од Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов.

По завршувањето на божиќната литургија верниците си го честитаа меѓусебно празникот Рождество Христово и си посакаа мир и здравје.

После денот на Христовото раѓање, следи таканареченото божиќно време во кое следат и други божиќни празници: свети Стефан, Светото Семејство – Исус, Марија и Јосиф, како и празникот “Невини деца“ на кои постои обичај да се благословуваат децата. Божиќното време завршува со празникот Крштение Господово.

о.О.Т.

Категорија: Македонија

За авторот