Промовирано второто издание на книгата „Вистинска љубов“ од монс. Антун Циримотиќ
На 28 јуни 2016 година во просториите на културниот дом „Илинден“ во општина Илинден беше промовирано второто издание на книгата од монсињор Антун Циримотиќ „Вистинска љубов“ во издание на Матица Македонска.
Промотор на книгата беше поетесата г-ѓа Љерка Тот Наумова, која за значењето на ова дело истакна дека оваа книга е збогатена со интересни примери и многу прифатливи дијалози, со кратки духовни лирски есеи и духовен благослов. Делови од книгата беа прочитани од страна на с. Наталија Стојанова и Спасе Спасов. На почетокот авторот на книгата се заблагодари на сите присутни кои искажаа интерес за оваа промоција, а посебно до градоначалникот на општина Илинден г-дин Жика Стојановски.
На промоцијата, покрај градоначалникот на општината, присуствуваа претставници на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, претставници од хрватската амбасада во Република Македонија, директори на училишта и заинтересирани граѓани.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк