Промовирана книгата ТРАГОВИ НА ХРИСТИЈАНСКОТО ИСКУСТВО

Во неделата на 16 март во пасторалниот центар „Марија од Назарет“ во Радово, беше промовирана книгата Трагови на христијанското искуство од монс. Луиџи Џусани. Монсињор Џусани е италијански свештеник, основач на движењето „Comunione e Liberazione“ (Заедништво и Ослободување) движење распоространето по целиот свет. Книгата е составена од три мали книгички и претставува прв превод на овој плоден автор кој има објавено неколку десетици дела. Преводот е дело на д-р Зоран И. Стојанов и г-ѓа Билјана Јовановска. На презентацијата беа присутни повеќе свештеници од Католичката црква, чесни сестри Евхаристинки и многу верници од Радово и други парохии. Покрај видео презентацијата, беа читани и делови од книгата од младите од Радово, а кратко обраќање имаше г-н Марко Аморузо, член на движењето од Италија.

1518

 

Категорија: Македонија

За авторот