Прием, заштита, поддршка и интеграција

Прием, заштита, поддршка и интеграција

Прием, заштита, поддршка и интеграција на мигрантите и бегалците – е сржта во пораката на Папата за Светскиот ден на мигранти и бегалци, кој ќе се одржи на 21 јануари 2018 година. Жалната состојба со бројните мигранти кои бегаат од војни и глад Папата ги нарече „знаци на времето“. Исто така ја спомнува и својата посета на Лапмедуза, на самиот почеток од неговиот понтификат, како и формирањето на посебен оддел посветен на мигрантите, со кој тој лично раководи.

Секој странец, кој тропа на нашата врата е можност за средба со Исус Христос – пишува папата Фрањо, потсетувајќи на 25 глава од Евангелието според Матеј, а потоа ја истакнува великодушната одговорност на Црквата, која има намера да ја сподели со сите, како би ги ја искажала својата грижа за мигрантите.

Во пораката се истакнати четири точки, односно четири збора, кои се темелат на принципите на црковната наука. Првиот збор е „прием“. Папата истакнува дека итно е потребно да им се овозможи на мигрантите и бегалците сигурен и легален влез во земјите на пристигнување. Папата бара да се поедностави издавањето на „хуманитарни визи“ и да се помогне комплетирањето на семејствата и истакнува дека е потребно да се отворат хуманитарни коридори за најчувствителните бегалци.

Покрај тоа ги критикува групните протерувања на мигрантите и бегалците, посебно кога се протеруваат во земји каде не им се гарантирани основните човечки права. Принципот човекот да биде во центарот нѐ обврзува личната сигурност секогаш да се стави пред националната. Поради тоа е потребно да се настојува да се даде предност на алтернативните решенија, наместо сместување во затвор за оние кои доаѓаат на националните територии без дозвола – стои во пораката.

Потоа Папата го истакна зборот „заштита“. Заштитата започнува во „татковината“ и би требало да биде продолжена и во „земјата на доселување“ – пишува Папата и поттикнува за вреднување на способностите и стручноста на мигрантите, кои во земјите каде се прифатени да имаат слобода за движење и можност за работа. Папата Фрањо не заборави да ја истакне и заштитата на малолетните мигранти кои имаат право на образование и живот со своите семејства, избегнувајќи секаков облика на затворање. Почитувајќи го општото право на државјанство, треба да им се признае и потврди на сите деца и девојчиња во моментот на нивното раѓање – напомена Папата и спомна за големиот број аполити меѓу мигрантите, при што истакна дека таа појава може да се реши со закон за државјанство во согласност со меѓународното право.

Потоа Светиот Отец зборуваше за зборот “поддршка“ – што значи на сите мигранти да им се обезбедат услови за да можат да се реализираат како личности. При тоа го поздрави општествено – работното вклучување на мигрантите и ги пофали настојувањата на земјите кои се залагаат во меѓународната соработка. Меѓутоа во распределбата на таа помош треба да се води сметка за потребите на земјите во развој, кои примаат голем број на мигранти и бегалци.

Последниот збор кој го истакнува папата Фрањо во пораката е „интеграција“. При тоа веднаш напомена дека интеграцијата не е асимилација, која води до исчезнување или заборавање на сопствениот културен идентитет. Станува збор за подолг процес, кој може да биде забрзан со давање државјанство независно од економските или јазичните услови. Освен тоа Папата повторно побара да се поттикне културата на средба и гарантира дека Црквата има желба и самата да се зазема на тоа подрачје.

За да се постигнат очекуваните резултати неопходно е потребен придонесот на политичката заедница и граѓанското општество – нагласува Светиот Отец. Поради тоа ги поттикнува политичките лидери да ги конкретизираат општите начела кои неодамна се прифатени во седиштето на ООН (Global compact), од кои едно од нив е посветено на бегалците и едно на мигрантите. Следните месеци се привилегирана можност за претставување и поддршка со конкретно делување, содржани во четирите збора

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот