Претставникот на Папата, кардиналот Крајевски повторно патува во Украина

Претставникот на Папата, кардиналот Крајевски повторно патува во Украина

Папата Фрањо уште еднаш го испрати во Украина префектот на Дикастеријата за служба на милосрдие, кардиналот Конрад Крајевски, кој патува таму за да го врачи подарокот на Папата, амбулантни возила.

Донацијата на Папата се состои од четири комплетно опремени амбулантни возила, со кои Украинците ќе им помагаат на ранетите на боиштето. Кардиналот Крајевски ќе ги испрати возилата во Украина заедно со тројца возачи, се наведува со напомена дека кардиналот веќе извршил слични мисии во девет наврати од почетокот на руската инвазија.

Од канцеларијата на кардиналот Крајевски соопштија дека неговиот престој во Украина ќе биде искористен и за средби со луѓето погодени од војната. Кардиналот Крајевски сака да се моли со нив и да им ја вети близината на Папата.

Папата Фрањо редовно предупредува на лошата хуманитарна ситуација во Украина. Тој неодамна повика на прекин на огнот и мировни преговори.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот