Претставени логото и мототo за посетата на папата на Сараево
Минатиот вторник 24 март, во просториите на ординаријатот на Врхобосанската надбискупија на конференција за печат се претставени мотото, логото и плакатот за посетата на папата Фрањо на Сараево, 6 јуни оваа година – пренесува Католичката агенција за печат при БК БиХ.
На конференцијата зборуваше кардинал Винко Пуљиќ и еден од авторите на логото и плакатот, Мирослав Шетко, професор по ликовна уметност. Вториот автор е дизајнерот Драган Иванковиќ. За мото ги зедовме зборовите: „Мир на вас“. „Причината за оваа одлука лежи во тоа што и самиот папа Фрањо даде поттик за ова мото, најавувајќи го своето доаѓање во Сараево, за да нѐ охрарби во процесот за изградба на мир“ – рече кардинал Пуљиќ, додадавјќи:
„И на нас ни треба […] порака за мир, која ќе биде охрабрување за сите жители на оваа земја и за сите луѓе со добра волја, на псоебен начин на нас католиците, бидејќи Папата во прв ред доаѓа како врховен поглавар на Католичката Црква“.
Господин Шетко пак рече дека тој заедно со господин Иванковиќ настојувале во логото да вградат повеќе елементи во облик на отворена форма, истакнувајќи на симболиката на крстот, голубот со маслинова гранка, границата на Босна и Херцеговина, бојата на знамето, како и бојата за хрватската присутност во БиХ.
РВ/го*ко