Претседателот на Француската епископска конференција ја повика меѓународната заедница да го запре насилството во Ирак
Ирачкото население на цел глас бара помош, дали сме во состојба да го слушнеме нивниот повик – прашува архиепископот Понтиер, претседател на Француската епископска конференција.
И така веќе драматичната состојба на христијаните во Ирак од час во час станува сѐ подраматична. Слепиот тероризам смета на нашето невнимание за време на летниот период, за да ги зголеми уцените и пљачкосувањата – истакнува архиепископот Понтиер.
Потсетувајќи на недоамнешната посета на француските епископи на Ирак, претседателот на Франсуската епископска конференција ги повикува француските и меѓународните власти да преземат нешто. Потребно е ОН да делува што побрзо и поконкретно, инаку ќе биде прекасно. Француските католици молитвено и со дела се ангажираат: нашите браќа христијани се сочувствуваат со христијаните на Блискиот Исток, а меѓународната заедница не е достојна на своето име ако не ги заштити малцинствата – нагласува архиепископот Понтиер.
РВ/го*ко