Пресвета Богородица од Бројаницата

Пресвета Богородица од Бројаницата

Денешниот празник нѐ потсетува на денот во кој Христијаните ја однесоа победата против Турците во Лепанто во 1571 година. Папата свети Пиј V овој празник во Црковниот календар го воведе под насловот „Света Богородица на Победата, а две години подоцна папата Григориј XIII го потврди празникот, променувајќи го името во она како празник на Светата Бројаница.

Логично е што оваа победа ѝ се препишува на Пресвета Богородица затоа што, додека во Лепанто се водеа битките, во целото христијанство се молела Бројаницата. Милиони верници на чело со Папата молеле сѐ додека Турците не ја изгубиле битката. Христијанската војска, бројно помала, со голема вера и гнев го нападна непријателот, нанесувајќи му голем пораз што засекогаш била совладена турската воена сила на морско тло.

За овој празник не се важни деталите од настанот на битката, туку важно е да се спомене победоносното оружје – Светата Бројаница. Нејзиното потекло е многу старо и може да го сретнеме дека го употребувале монасите кои живееле по пустините од првите векови како и братството монаси кои не биле свештеници кои не можеле да ги рецитираат 150-те Псалми, па ги замениле со исто толку пати со молитвата Оче Наш. (…)

Заслугите му се препишуваат на свети Доменик зошто дал најголем импулс на побожноста на Светата Бројаница. Се вели дека додека светецот проповедал против Албигесите, му се појавила Пресвета Дева Марија и давајќи му едно зрно од Бројаница му рекла дека со ова оружје ќе ја победи секоја грешка. Големиот проповедник помеѓу неговите верници ја проширил практиката за Светата Бројаница, и неговите проповеди го вродиле овој прекрасен резултат испишан во историјата.

Пресвета Богородица повеќе пати преку чуда ја потврди извонредноста на Светата Бројаница, особено појавувајќи се во Луд и Фатима со Света Бројаница во раката.

Без сомнение Светата Бројаница е најлесната и најомилена побожност: таа е едно вплетување на молитви кои едно бебе ги учи уште во скутот на неговата мајка: Оче наш која збор по збор нѐ научи Исус; Радувај се Маријо составена од зборовите со кои Архангелот Гаврил и света Елисавета ја поздравиле Пресвета Дева Марија; Слава на Отецот … – химна на славата и благодарност до Пресветото Троиство.

Овие нежни молитви се испреплетени со медитирање на најважните настани од животите на Исус и на Марија. Таинствата се душата на Светата Бројаница. Всушност целта на оваа света побожност е токму тоа да се потсетуваме на овие божествени таинства кои секој христијанин треба да ги има секогаш пред своите очи, бидејќи тие го охрабруваат да ги признае божественити благодати и да може да согледа дали неговиот живот е во согласност со контемплативните примери.

За да ги придобиеме овие плодови треба побожно да молиме Света Бројаница; и додека усните повторуваат „Радувај се Маријо“, мислите треба да размислуваат за таинствата наменети за размислување во секоја десетка и од нив да ја извлечеме суштината од таинството.

МОЛИТВА:

О Боже, чиј Единородниот Син со својот живот, смрт и воскресение ја заслужи за нас милоста за вечното спасение, дај ни додека ги медитираме таинствата на Светата Бројаница на Пресвета Дева Марија, на тој начин да ј имитираме содржината, при што потоа ќе може да ја достигнеме небесната награда кои тие ни ја ветуваат.

Светец на Денот/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот