Светиот Отец во среда 7 јули ја испрати својота прва Твитер порака од неделата, 4 јули, изразувајќи благодарност до сите добронамерни луѓе за молитвите и грижата за неговото здравје, односно закрепнување од операцијата.
Папата Фрањо испрати порака преку Твитер во 13.30 часот по средноевропско време, во која им се заблагодарува на луѓето ширум светот за љубезните пораки и грижата за неговото здравје, додека трае неговото опоравување во Римската болница Џемели по операцијата на дебелото црево.
Папата го напиша следново: „Трогнат сум од многу грижливите пораки добиени деновиве. Благодарам на сите за блискоста и молитвите.“
Ватикан њуз/к.мк