Светиот Отец последните денови своите пораки нa твитер ги посвети на социјалните прашања.
Така, во средата на 15 февруари 2017 година напиша дека „културата на отфрлање не доаѓа од Исус; другиот човек е мој брат без оглед на национална, социјална или религиска бариера.“ Следниот ден во центарот на вниманието го стави повикот за борба против сиромаштвото: „Ве повикувам да се придружите на борбата против сиромаштвото, како материјалното, така и духовното. Да градиме заедно мир и мостови на пријателство,“ стои во пораката на Папата на твитер.
Во пораката објавена на 17 февруари 2017 година, папата Фрањо истакнува дека „младото срце не поднесува неправда и не може да се прифати „културата на отфрлање,“ ниту да се попушти пред глобализацијата на рамнодушноста,“ а на 18 февруари 2017 година на своите пријатели им порача: „Колку често во Библијата Господ нѐ повикува да ги прифатиме мигрантите и странците, потсетувајќи нѐ дека и самите сме странци!“
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк