Во вторник 22 јуни во 11.30 часот во Ватикан ќе се одржи онлајн прес-конференција на која ќе бидe презентиран 1. Светски ден на баби и дедовци и пораката подготвена од Светиот Отец за таа пригода, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Првиот светски ден на баби и дедовци ќе се слави на 25 јули и ќе има тема „Јас сум со тебе секој ден“ (сп. Матеј 28,20).
На прес-конференцијата ќе зборува кардиналот Кевин Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, по што ќе следи Виторио Скелзо, кој е одговорен за пасторалната грижа за старите лица во истата Дикастерија и Моник Бодхуин, претседател на Vie Montante Internationale, која ќе учествува на прес-конференцијата преку директна видео врска од Стразбург, Франција, како и Марија Софија Соли и Елена Лиота од Заедницата Свети Егидиј.
Прес-конференцијата ќе се пренесува во живо преку Vatican News на Youtube каналот.
Светскиот ден на баби и дедовци е воспоставен во јануари годинава од страна на папата Фрањо, кој определи тој да се слави секоја година во четвртата недела во јули, во пресрет на празникот на светите Јоаким и Ана, бабата и дедото на Исус.
Ватикан њуз/к.мк