Пред Дарохранителницата

Пред Дарохранителницата

Отиди во Црвка или капела каде што е светата Дарохранителница со Пресветата Евхаристија. Седни или клекни на клупата или седни на столчето. Загледај се во „вечното светло“.

Нека тоа ти помогне да станеш свесен дека Исус те чека овде. Мирно, лесно дишејќи, гледај во правец на Дарохранителницата. Дозволи да те опфати тишината и таинственото присуство. Остани така некое време без зборови. После тоа пријателски поздрави го Исуса. Тој го разбира твојот јазик. Поклони Му се. Прашај Го; кажи Му зошто си дошол. Биди потполно едноставен, без некој побожен „бонтон“, биди во Исуса присутен, непосреден.

Дарувај ги најнапред на Исуса своите гревови. Тогаш и своите рани, стравови, болки и желби. Можеш ли целиот живот да го дадеш на располагање? Најважно е да не застануваш само на светлото, олтарот и хостијата, туку да се пробиеш до живиот Исус. Навистина е лично Тој. Гледај го со очите на душата. Нека те држи само верата во неговото Слово дека е тука. Наскоро тоа и ќе го искусиш, што ќе ти го овозможи неговиот Дух. Слушај го Исус како ти зборува. Остани толку колку што Исус сака…

Евхаристиската присутност на Исус Христос лично е привилегирано место за медитација. Исус е Бог, но и човек. Се работи, не само за неговото божествено, туку и човечко присуство и тоа на личен, некако на згуснат начин. Оној ист Исус, човекот од Назарет, со своето човечко тело – иако воскреснато – присутен е тука. Целото негово дело за спасение на човештвото е тука во акција.

Дарохранителницата е продолжение на светата Литургија. Целата Црква е видливо и невидливо овде присутна. Евхаристијата е средиште на Црквата и нејзиниот извор. Овде чека Исуса, копнее за да го откупи човештвото, да гоо ослободи и верникот да го оспособи за сведочење и навестување. Овде е Исус, кој го разбира нашиот јазик, ги знае нашите прилики, те познава ТЕБЕ по име. Исус, кој сака со него да се храниме и стануваме негово Тело. Таинството во кое неговата Крв се прелива во нашата, неговото тело станува наше. Евхаристијата е богатство пред кое треба да се стои и да се впива. Кој се одлучува за медитација пред Евхаристискиот Исус Христос, секој ден ќе се враќа дома препороден. Ќе биде полн и богат со Исуса.

Меѓугорје инфо/к.мк

Категорија: Духовност

За авторот