Прв Петок – Големото Исусово ветување
Побожноста Прв петок во месецот зазема големо место во духовниот живот на милиони верници ширум светот и на еден и на еден начин претставува месечна духовна обнова. Оваа побожност ја дава самиот Спасител Господ Исус Христос, преку едно објавување на прв петок на сестрата Маргарета Марија Алакок давајќи и едно големо ветување. Сите оние кои барем еднаш во животот ќе ја направат оваа побожност, односно секој што ќе се исповеда и причести девет први петоци по ред, дека нема да го напушти овој живот со грев на душата и дека сигурно ќе се спасат. Поради тоа оваа деветница некои и ја нарекуваат „Деветница за спасение“.
На оние кои ја прават оваа побожност Исус го ветува следното:
-Ќе им дадам милост потребна за нивниот живот;
-Ќе внесам мир во нивните семејства;
-Ќе ги тешам во сите нивни страдања;
-Ќе им бидам сигурно засолниште во животот, а посебно во нивниот смртен час;
-Ќе излијам изобилен благослов на сите нивни зафати;
– Грешниците во моето срце ќе најдат извор и море на благодат;
-Рамнодушните души ќе станат ревни;
-Ревните души ќе се издигнат до совршенство;
-Ќе ги благословам и куќите каде што ќе биде изложена и почитувана иконата на моето Пресвето Срце;
-На свештениците ќе им дадам дар да допрат и до најтврдокорните срца;
-Имињата на оние кои ја шират оваа побожност ќе бидат запишани во моето Срце и никогаш нема да бидат избришани;
-Сите кои ќе се причестат во текот на девет први петоци во месецот, без прекин, им ветувам милост за покора во смртниот час: тие нема да умрат во мојата немилост и без свети тајни. Моето Срце ќе им биде сигурно засолниште во последниот час.
За да се направи оваа побожност потребно е да се запазат следните услови:
1. Да се причести девет пати по ред секогаш на првиот петок во месецот. Доколку некој прекине поради било каква причина ќе треба да започне од ново да ја прави. Тоа значи ако некој осум пати се причестил, а не успеал да се причести и девети пат, не го исполнува условот за да ја добие ветената милост и ако сака да го добие големото Божјо ветување за деветте први петоци ќе треба да започне од ново.
2. Причестувањето треба да се случи секојпат на првиот петок во месецот. Еден верник кој се причестува секоја недела, за да ја добие ветената милост неопходно е да се причести и на првиот петок во месецот, девет пати по ред.треба да се случи секојпат на првиот петок во месецот. Еден верник кој се причестува секоја недела, за да ја добие ветената милост неопходно е да се причести и на првиот петок во месецот, девет пати по ред.
3. Светата причест треба да се прима секогаш достојно, што значи дека пред секоја причест на прв петок според потребата, треба да се пристапи на светата Тајна исповед и да се биде во милоста Божја.
Оваа деветница е добро да ја направи секој христијанин барем еднаш во животот, но подобро е ако се направи и повеќе пати или се повторува преку целиот живот, барајќи од Господ милости и за своите ближни.
При правењето на оваа побожност секако дека ќе бидеме искушувани да се откажеме од неа, но сепак пред нас треба да го имаме големото Божјо ветување за спасение и да се бориме да издржиме до крај.
Љубовта кон Господ на посебен начин треба да нé поттикнува барем еднаш во животот да ја направиме оваа побожност што ќе ни користи за спасение на нашата душа. Правејќи ја оваа побожност треба да настојуваме нашето срце да го прилагодиме на Неговото срце. На тој начин оваа побожност станува највозвишена и највредна школа за еден христијанин кој сака да расте во својата вера. Оваа побожност ни помага да се упатиме на патот на светоста на кој преку нашето крштение сите сме повикани. Ова е и главниот плод на побожноста.
Кога и како може да се започне со побожноста?
Оваа побожнсот може да се започне на било кој прв петок во месецот. Откако верникот ќе се исповеда, треба да присуствува на света Литургија, да се причести и да ја измоли посебната посветителна молитва.
Посветување на Пресветото Срце Исусово
Исусе Преблаги, Спасител на човечкиот род, погледни на нас смирено паднати на колена пред Твојот олтар. Твои сме и Твои сакаме да останеме. А за да можеме со Тебе да бидеме посилно соединети, еве денес секој од нас на драго срце се посветува на Твоето Пресвето Срце.
Навистина Тебе многумина никогаш не Те познавале, а многу пак, Твоите заповеди ги презирале и Те отфрлале. Премилостив Исусе, смилувај се и на едните и на другите и сите привлечи ги кон Твоето Пресвето Срце.
Господи, биди цар не само на правоверните, кои никогаш не се откажале од Тебе, туку и на изгубените синови кои Те напуштиле. Дај им што побргу да се повратат во татковиот дом за да не загинат од беда и глад.
Биди Цар на тие кои ги заслепува верската заблуда или раздорот ги оделува од Тебе и повикај ги назад во пристаништето на вистината и во единството на верата за што поскоро да биде едно стадо и еден пастир..
Господи, на Твојата црква дарувај и сигурна и полна слобода, дај им на сите народи мир и благослов. Дај да се слуша од едниот до другиот крај на земјата само еден глас: „Нека е слава на Божественото Срце кое нас нé спаси, нему чест и слава во сите векови. Амин.
го*ко