Прво обраќање на папата Лав XIV.

Прво обраќање на папата Лав XIV.

Мир со сите вас!

Драги браќа и сестри,

Ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос, Добриот Пастир, кој го даде својот живот за Божјото стадо. Исто така, би сакал овој поздрав на мирот да влезе во вашите срца, да допре до вашите семејства. До сите луѓе, каде и да сте, до сите народи, до целиот свет: мир со вас.

Ова е мирот на воскреснатиот Христос – разоружан и разоружувачки мир, понизен и истраен. Доаѓа од Бога. Бог кој сите нас нè сака – безусловно.

Сè уште го чуваме во ушите тој тивок, но секогаш храбар глас на папата Фрањо, кој го благословуваше Рим. Папа, кој го благословуваше Рим го даваше својот благослов на светот, на целиот свет, на велигденско утро. Дозволете ми да продолжам со тој ист благослов. Бог нè сака, Бог ве сака сите вас, и злото нема да победи. Сите сме во Божји раце.

Затоа, без страв, обединети, рака под рака со Бога и едни со други, да одиме напред. Ние сме Христови ученици. Христос оди пред нас. На светот му е потребна неговата светлина. На човештвото му е потребен како мост за да биде допрено од Бога и неговата љубов.

Помогнете ни и вие, а потоа и едни на други, да градиме мостови – преку дијалог, преку средби – обединувајќи ги сите за да можеме да бидеме еден народ, секогаш во мир.

Благодарност до папата Фрањо

Исто така, сакам да им се заблагодарам на моите браќа кардинали кои ме избраа да бидам Петров наследник, заедно со вас да одам, како обединета Црква, секогаш барајќи мир, правда, секогаш настојувајќи да работиме како верни мажи и жени на Исус Христос, без страв, да го навестуваме Евангелието и да бидеме мисионери.

Јас сум син на Свети Августин, августинец, кој рече: „Со вас сум христијанин, а за вас епископ“. Во таа смисла, сите можеме заедно да чекориме кон татковината која Бог ја подготви за нас.

Упатувам посебен поздрав до Црквата во Рим. Заедно мора да бараме начин да бидеме мисионерска Црква, Црква која гради мостови, која гради дијалог, секогаш отворена да ги прими – како овој плоштад со отворени раце – сите, сите оние на кои им е потребна нашата љубов, нашето присуство, дијалогот, љубовта.

(на шпански) И ако ми дозволите уште еден збор – поздрав до сите, но на посебен начин до моите пријатели од бискупија Чиклајо во Перу, каде што верниот народ стоеше покрај својот епископ, ја споделуваше својата вера и даде многу, многу за да остане Црква верна на Исус Христос.

До сите вас, браќа и сестри од Рим, Италија и целиот свет, сакаме да бидеме синодална Црква – Црква која оди, Црква која секогаш бара мир, која секогаш бара љубов, која се стреми да биде блиску, особено до оние кои страдаат.

Денес е ден на молитва кон Пресвета Богородица од Помпеја. Нашата Мајка Марија секогаш сака да оди со нас, да биде блиску до нас, да ни помага со нејзинот застапување и својата љубов. Затоа сакам да се помолам со вас. Да се помолиме заедно за оваа ново послание, но и за целата Црква, за мир во светот, и да го повикаме овој посебен дар на благодат од Марија – нашата Мајка.

Радувај се Маријо, благодатна, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба Исус. Света Маријо Богородице, моли се за нас грешниците, сега и во смртниот ни час. Амин.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот