Прва Света Причест во парохијата „Успение на Пресвета Богородица’’ во Нова Маала

Прва Света Причест во парохијата „Успение на Пресвета Богородица’’ во Нова Маала

Во недела на Духовден. 12 јуни 2022 година, во парохиската црква во Нова Маала четири деца за прв пат го примија Исуса во нивните животи. За подготовка на децата се погрижи с. Лидија Манолева, подготвувајќи ги децата на веронаука. Денот претходно беше назначен за Света Исповед за децата и нивните најблиски.

Светата Литургија започна со свечена процесија, која ја предводеше парохот о. Спасо Ристов во сослужение на о. Ѓорги Динов. На присутните, кои беа во голем број, парохот им упати слово и нагласи дека денот кога децата за прв пат се причестуваат со телото и крвта Христови е посебен празник во парохијата. На многаја лета првопричесници!

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот