Прва света Литургија на неоерејот о. Сирачев во Чанаклија и Нова Маала
На 14 август 2016 година новоракоположениот свештеник о. Атанас Сирачев заедно со парохот о. Спасо Ристов служеше света Литургија во филијалната црква „Свети великомачаник Георги“ во Чанаклија и во парохиската црква “Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала.
При крајот од светата Литургија парохот о. Спасо Ристов му се заблагодари на неоерејот за отслужената света Литургија и му посака плодна пасторална дејност. Неоерејот Сирачев на сите присутни верници поединечно им подели неоерејски благослов, а во спомен на неговото ракополагање им подари мали икони.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија