Прва света Литургија на неоерејот Ванчо Назов во Гевгелија

На 24 јануари 2016 година во Неделата по Богојавление во парохиската црква „Свети Петар и Павле„ – Гевгелија неоерејот Ванчо Назов, заедно со парохот о. Димитар Ташев, служеше прва света Литургија во оваа парохија. Во својата проповед неоерејот ја истакна неизмерната Божја љубов спрема секој од нас.

На крајот од Светата Литургија следеше поздрав и благодарност кон Господа Бога за овој прекрасен дар. Во поздравот парохот о. Димитар Ташев истакна дека верниците од оваа парохија секојдневно молат за нови духовни звања за што о. Ванчо искрено се заблагодари и се препорача и понатаму во молитвите.

На крајот од Литургијата верниците примија поединечен неоерејски благослов, а во спомен на неговото ракополагање секој со себе си понесе икона.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот