Во нед ела 3 јуни2018 година, во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица шеснаесет деца кои преку следење на веронаучни часови осознаа за важноста на Светата Исповед и Светото причастие, пристапија на Божјата трпеза и обновувајќи го Крсниот завет примија Прва света Причест.
Свечената Литургија започна со процесија на првопричасниците придружени од свештениците и министрантите. Процесијата беше пропратена со духовни песни од страна на верниците, а по влегувањето во Црквата започна и Светата Литургија.
Во проповедта протоереј ставрофор о. Ѓеорѓи Трајков одржа пригодна проповед. Тој ги охрабри децата своите животи да ги продолжат по вистинскиот пат, а родителите ги поттикна на своите деца да им ја пренесуваат верата, водејќи ги на Света Литургија и на веронаука.
Со огромен аплауз беше поздравена и одлуката на папата Фрањо за воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Епархија.
Пред самиот благослов на крајот од Светата Литургија беше одржана пригодна претстава со краток скеч, рецитал на првопричасниците и пеење на повеќе црковни песни.
Во организирањето на овој свечен настан беше вклучена и заедницата на млади водена од капеланот на парохијата о. Ристо Самарџиски.
На крајот следуваа моменти на заедништво во парохиската сала
к.мк