Папата: Спортот е одличен сојузник во градењето на мирот

Папата: Спортот е одличен сојузник во градењето на мирот

Примајќи ги во аудиенција спортистите собрани во Ватикан на конференција во организација на Дикастеријата за лаици, семејство и животот, папата Фрањо потсети на улогата на спортот во создавањето на заедниците и помош во надминувањето на културата на отфрлање.

Да се промовира спортот кој е за сите, кој поврзува, кој е достапен и по мерка на секој човек, е голема обврска и предизвик кој никој не може сам да го спроведе. Имено, само со тимска игра и заедништво е можно да се постигнат целите на олимпиското мото altius, citius, fortius – истакна папата Фрањо обраќајќи им се на учесниците на Меѓународната конференција за спорт во организација на Дикастеријата за лаици, семејство и живот.

Спортот е генератор на заедништво – кажа Папата, посебно за младите, затоа што воспоставува општествени односи, создава пријателство, поддржува споделување, учествување и чувство на припадност. (…)

Денес имаме голема потреба од педагогија на мир, од негување на културата на мирот, започнувајќи од секојдневните меѓучовечки односи, за да дојдеме до оние меѓу народите и нациите. Ако светот на спортот пренесува единство и поврзаност, може да стане исклучителен сојузник во градењето на мирот – истакна Папата.

Обраќајќи се потоа на професионалните спортисти присутни на аудиенцијата кои – според зборовите на Папата – се потпирач за најмладите, римскиот епископ истакна дека тие можат да помогнат да се надмине културата на отфрлање и да промовираат лично и општествено искупување. Спортот треба да придонесе за создавање на зрели и успешни луѓе.

Надвор од таа логика, се изложуваат на опасност да западнат во механизмот на бизнисот, профитот, консумеристичкиот спектакл кој создава „личности“ чиј имиџ може да се искористува. Но, тоа повеќе не е спорт – напомена Папата и додаде, спортот е образовно и општетсвено добро, и тоа мора да остане!

Заради тоа, пред сѐ е потребна достапност која овозможува отстранување на пречките, физички, општетсвени, културни кои оневозможуваат или пречат на пристапот до спортот. Треба да се зазема за секој да има можност да се занимава со спорт, да се негува – би можело да се каже „тренираат“ вредностите спортот и да се претвораат во добродетели – рече Папата. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот