Празник на Пресвета Троица

Празник на Пресвета Троица

Спасението дојдено преку Исус е пред сѐ да нѐ отвори за заедништво, учествувајќи во динамиката на Троинствената љубов, преку братското служење, кое ја прави нашата љубов поконкретна.

Бог е заедништво

Денес го славиме празникот „Пресвета Троица“, денот кога сме повикани подобро да го разбереме длабокото таинство на Троединиот Бог, основната вистина на нашата вера. Литургијата, во текстовите на молитвите ја изразува оваа вистина тргнувајќи од догмата. Контемплатираат за Бога кој се објавува во историјата на Спасението. Бог се објави за да би биле во заедништво со Него. Мојсеј го препознава Божјото милосрдие и бара прошка за гревовите и инсистира: „Господ нека оди со нас“ (Исход 34,9). Одејќи заедно во Словото Исусово, Тој ќе престојува во нас (Ив 14,23). На тој начин се создава заедништво со Бога и заедништво-заедница со браќата. Покажувајќи го заедништвото во заедницата исто така ја покажуваме и со Пресветата Троица. Би било убаво да најдеме зборови со кои би го објасниле значењето да се биде во заедништво со Пресветата Троица. Ова е нормалниот начин да се живее љубовта. Искуството кое секоја личност го има со Бога, особено оние кои одбрале да ја прифатат Исусовата порака, е неискажливо и не постојат зборови да се објасни. Заедницата има една симболична функција. Да се биде заедно тоа е знак на заедништво, тоа е знак дека сите сме еден до друг. Функцијата на Светиот Дух е да го реализира духовното единство на тој начин што ќе влеземе во заедништво со Пресветата Троица. Последиците од ова единство се видливи во нашиот живот кога бараме да живееме во љубов трудејќи се за едно поголемо единство исто така и со луѓето. Бог ни го даде своето милосрдие, Тој ни дојде во пресрет, основа со нас еден живот на единство помеѓу нашето битие и неговото Битие.

Бог дојде да нѐ спаси

Спасението кое е дојдено преку Исус не е да се реши негативното прашање за гревот на човештвото, туку да нѐ отвори за заедништво со Бога. „Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бог Отецот и заедништвото на Светиот Дух, да биде со вас!“, или едноставно почнувајќи со: „благословен да е Бог кој не обедини во Христовата љубов!“, знаеме дека, кога љубиме и им служиме на луѓето, учествуваме на динамиката на Божјата љубов. Ако служиме како Исус, ќе го живееме неговиот живот со Отецот и Светиот Дух. Никој не служи освен од љубов. Ако е од љубов, тогаш тоа е исто така и живот на Пресветатат Троица. Исус вели дека Отецот доаѓа да живее во нас, доколку останеме заедно како гранката на стеблото. Кога љубиме, Отецот нѐ љуби и доаѓа да живее во нас. Не се работи за некое барање, туку за прифаќање, Бог стори сѐ што можеше да направи за нас, давајќи се самиот себе во Исус. Тоа е спасението. Верата во Исус на нов начин нѐ води во заедништвото со другите, употребувајќи ги нашите дарови за служење. Ние сме воведени во едно заедништво во кое животот на љубовта се покажува во служењето.

Заедништво со Светиот Дух

Ако останеме обединети во заедништвото со Пресветата Троица, ја реализираме мисијата за воведување на луѓето во ова заедништво. Заедницата постои за да се навестува заедништвото. Христијанската вера не е да се молиме малку или многу или да носиме католичко или друго име. Туку да живееме во заедништво со Оној кој не љубеше толку многу што го испрати својот Син за прошка, и Светиот Дух за просветлување во единството. Делувањето на Светиот Дух е да се реализира оваа врска меѓу нас, како клетките во телото. Така животот на Бога ќе помине во сите нас преку Светиот Дух. Светиот Дух не е маркет за подароци, туку Тој е Дар. Ние примивме Свето Миропомазание со зборовите: Примете го овој знак, Светиот Дух, Дарот Божји. Даровите се служење кон ближниот за заедништвото со Пресвета Троица да биде поконкретно.

О. Луиз Карлос де Оливеира/З.А.

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот