Праведноста треба да биде водач на претприемачите
Денес е јубилеј на италијанските индустријалци, апсолутна новост во рамките на Светата година. Повеќе од седум илјади индустријалци од цела Италија во салата Павле VI го слушаа говорот на Папата, а потоа сите заедно го поминаа прагот на светата врата во Ватиканската базилика.
На 26 февруари пак во Рим одржале собир под мотото „Да се работи заедно. Развој, образование, работа.“
Одговарајќи на поздравите на претставникот на Италијанскиот сојуз на индустријалци, Папата рече дека на средба која преставува новост во историјата на здружението, индустријалците сакаат да ја истакнат својата обврска со работа да придонесат за остварување на поправедно општество, поблиску до потребите на човекот. Заедно сакате да промовирате претприемачка етика: заедно одлучивте да посветите поголемо внимание на вредностите, вреднување на територијата и промовирање на општествените односи. Тие вредности се вистинска алтернатива на бесрамниот профит – истакна Светиот Отец.
Смислата на здружување на работата
Мотото „Да се работи заедно“ подразбира соработка, споделување и чувство за заедничка одговорност, а воедно го отвора патот за нови стратегии, одредници и однесувања. Животот би бил целосно поинаков кога би знаеле заедно да размислуваме и работиме. Да се работи заедно во компанијата значи да се осмислуваат проекти кои во прв ред водат сметка за семејството, во кои работното искуство, жртвата и плодовите од работата ја наоѓаат својата смисла, а не се забораваат најслабите и маргинализираните како старите луѓе кои често се сметаат за некорисни затоа што не произведуваат. А да не зборуваме за потенцијалните работници посебно младите кои не можат да најдат работа, освен пристојната плата да им се врати гордоста и достоинството – рече Папата.
Обединувањето на сите тие сили може да биде карактеристика на фирмата затоа што на прво место е човекот, квалитетот на личните односи, вистинитост за заземањето на личноста во градењето на светот кој припаѓа на сите. Да се работи заедно значи да се потпираш на соработката на многу субјекти. Со други зборови значи „да плетеш мрежа“ за вреднување на личните дарови, не занемарувајќи ја притоа уникатноста на секој човек. Во центарот на секоја компанија треба да биде човекот, со сите потреби, надежи и тешкотии – истакна папата фрањо.
Личноста мерико за важните избори
Вниманието на конкретната личност вклучува серија важни избори: значи секому да му се даде она што му припаѓа, ослободување на татковците и мајките од загриженост за сегашноста и иднината на децата, мудро управување, трпеливо слушење, со другите понизно делење на проектите и идеите; значи да се направи работата да создава работа, одговорноста друга одговорност, а надежта надеж, посебно за младите генерации на кои денес им е многу потребна – истакна Светиот Отец.
Потсетувајќи на апостолското писмо „Радоста на Евангелието“ Папата рече дека пред сите го ставил предизвикот за взаемна поддршка, споделувањето на искуствата да биде можност за средба и за поголема солидарност меѓу сите. Пред бројните пречки на неправдата, осаменоста, недовербата и сомнежот поставени во нашето време, светот на работата, чии протагонисти сте вие, е повикан на храбри чекори за „средбата и заедничката работа“ и да не бидат само проглас, туку програма за сегашноста и иднината – предупреди Светиот Отец.
Претприемништвото во служба на правдата
Драги пријатели вие имате благородно звање да произведувате богатство и светот да го направите подобар за сите; повикани сте да бидете градители на општото добро и создавање на новиот „работен хуманизам“. Повикани сте да ја штитите стручноста и да ја гарантирате сигурноста на работата. Затоа вашиот водач нека биде праведноста која ги отфрла, препораките и непотизмот опасното непочитување и лесните компромиси. Главното правило нека ви биде вниманието на достоинството на човекот која е апсолутна и неспорна вредност. Тој аспект на алтруизам нека ги реши вашите напори за во името на производните желби да не го газите достоинството на човековата личност – истакна Папата додавајќи:
Ваѓето претприемништвото секогаш нека биде отворено за „широкото значење на животот“ кој ќе му овозможи служење на општото добро, со своите напори да ги умножува и на сите да им овозможи пристап до добрата на овој свет. Нека општото добро ви биде компас за производните активности, за растот на економијата за сите и за сѐ, да биде чувствителна на потребите на другите. Претприемништвото е можно под услов економската слобода да не ја загрозува вистинската слобода на човекот и неговите права; ако пазарот не е апсолутно мерило, туку ако ја почитува праведноста и човековото достоинство. Затоа што нема слобода без праведност, ниту праведност без почитување на човековото достоинство – заврши Папата..
РВ/к.мк