По повод патрониот празник владиката Стојанов служеше Литургија во Сарај
По повод патрониот празник на филијалната црква „Свети Димитриј“ во Сарај, 8 декември 2015 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски Бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија служеше света архиерејска Литургија, во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.
Покрај верниците од Сарај на светата Литургија присуствува чесни сестри Евхаристинки, како и верници од околните парохии.
На крајот од светата Литругија се измоли молитвата за Година на семејствата, како и молитвите по накана на Светиот Отец за добивање на потполн опрост.
По завршувањето на светата Литургија присутните верници се задржаа во заедништво во црковниот двор.
к.мк/о.Ѓ.П
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија