Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе

Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе

Според Евангелието од Матеј 4,18-23  наменето за Втора Недела по Педесетница

Кога ги слушаме Христовите зборови, со кои ги повикува своите ученици: „Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе”, често мислиме дека се однесуваат само на апостолите, а денес дека се упатени на нивните наследници – епископите, свештениците и ѓаконите. Но, факт е дека Господ го повика секој од нас за да го следиме, така што секој може да биде рибар, односно да „лови“ луѓе за Бога.

Но понекогаш ни паѓа тешко да проповедаме за Христа, да ја носиме и навестуваме добрата, радосната вест поради фактот што ние самите не сме ги сфатиле во потполно евангелските настани како што се: Благовештение, Рождество, Воскресение. Дали тие најпрво за нас претставуваат добра, радноса вест. Сѐ додека не сфатиме дека тие настани и тој повик нè засега лично нас, нема да можеме целосно да ја споделиме оваа радост со другите.

Само оној кој го запознал Христос и е поврзан со Него, може да биде добар рибар за Христа. Само на тој начин можеме да имаме искрена желба секој човек да го запознаеме и да го донесеме до Христа, да ја споделиме радоста од средбата со Него, да го објавиме и навестиме она што Тој го направи за нашето спасение.

ФБ/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот