Почина сестра Агнела, (Емилија Спајиќ)

Почина сестра Агнела, (Емилија Спајиќ)

Во Ѓаково, на 4 февруари 2026 година во 22:00 часот, окрепена со Светите Тајни, почина сестра Агнела (Емилија Спајиќ), на 94-годишна возраст и 67. години од своите монашки завети како милосрдна сестра на Светиот Крст.

Задушната Света Литургија ќе се служи во петок, 6 февруари 2026 година, со почеток во 12:45 часот, во манастирската црква „Пресвето Срце Исусово“ во Ѓаково. Погребот ќе се изврши истиот ден во 14:00 часот на Градските гробишта во Ѓаково.

Сестра Агнела долги години служеше во Ординаријат и беше грижлива и посветана во исполнувањето на својата мисија во Македонија.

По тој повод во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во петок, 6 февруари, во 18.00 часот ќе се служи света Литургија за упокоение на нејзнината душа.

Вечен покој дади ѝ, Господи, и вечна светлина нека ѝ свети.
Нека почива во мир. Амин.

Категорија: Вести, Свет

За авторот