Почина монс. Хосер, Апостолски визитатор за парохијата Меѓугорје

Почина монс. Хосер, Апостолски визитатор за парохијата Меѓугорје

Во петок, 13 август 2021 година, на 79 годишна возраст, почина апостолскиот визитатор со посебна улога за парохијата Меѓугорје, монс. Хенрик Хосер, соопшти Варшавско-прашката бискупија.

По долга и тешка болест во Клиничкиот болнички центар во Варшава, во петокот, на 13 август, доцна попладне во Варшава, на возраст од 79 и 48 години свештенството и 17 години бискупска служба, почина надбискупот Хенрик Хосер.

Надбискупот Хосер неодамна беше хоспитализиран на одделот за кардиологија за интензивна нега во болница во Варшава (Полска), каде што и почина. Инаку, монс. Хосер оваа пролет се зарази и со коронавирус и беше хоспитализиран трипати.

На 31 мај 2018 година, папата Фрањо го назначи надбискупот Хенрик Хосер за Апостолски визитатор за парохијата Меѓугорје, на неопределено време и ad nutum Sanctae Sedis . Претходно беше посебен пратеник на Светиот Престол за парохијата Меѓугорје, служба која му беше доверена на надбискупот Хосер на 11 февруари 2017 година.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот