Карл-Јозеф Раубер, поранешен претседател на Папската црковна академија, нунциј во тешки места и општествени контексти почина на 26 март 2023 година, на 89-годишна возраст
Германскиот кардинал Карл-Јозеф Раубер, поранешен апостолски нунциј и претседател на Папската црковна академија, почина на 26 март 2023 година во Германија, на 89-годишна возраст.
Роден е во 1934 година во Нирнберг, за свештеник е ракоположен во 1959 година и три години служел во малата католичка заедница во Нида, Хесен. Во 1962 година се преселил во Рим за да студира канонско право и во исто време ја посетувал Папската црковна академија.
Дипломатската служба ја започнал во 1977 година, за време на која служеше како советник во папските мисии во Белгија, Луксембург и Грција. Иван Павле II. во 1982 година го именува за апостолски пронунциј во Уганда.
Во јануари 1990 година бил именуван за претседател на Папската црковна академија, а три години подоцна се вратил на активна дипломатска служба како папски претставник, прво во Швајцарија и Лихтенштајн, а потоа во Унгарија, Молдавија, Белгија и Луксембург.
Во 2009 година, на 75 годишна возраст, се повлекол од службата и оттогаш својата духовна и пастирска служба ја извршува во Германија, во куќата на сестрите на Марија од Шенштат во Ергенцинген. Папата Фрањо го вброи во Кардиналскиот колегиум на конзисториумот одржан на 14 февруари 2015 година.
Ватикан њуз/к.мк