Бискупскиот ординаријат во Госпиќ ја известува јавноста дека поранешниот бискуп на Госпиќ-Сeњ, монс. д-р Миле Боговиќ почина во сабота 19 декември 2020 година, во Клиничикот болнички центар Риека.
Монс. Миле Боговиќ е роден на 7 август 1939 година во Церовац, парохија Слуњ, од татко Мија и мајка Манда, Пирчиќ.
Откако бискупот Боговиќ почувствувал знаци на покачена телесна температура на 3 декември е направено испитувања, со кои е потврдено дека е позитивен на корнавирусот. Во неделата, на 6 декември, бискупот Боговиќ со брза помош бил пренесен во Општата болница Госпиќ за дополнителни прегледи и бил хоспитализиран во Општата болница Госпиќ, поради ризици поврзани со возраста. За време на целото лекување во Општата болница Госпиќ, бискупот Боговиќ бил во стабилна состојба. Во четвртокот, на 10 декември, неговата состојба одеднаш се влошила поради хипоксија – намалување на нивото на кислород во телото и тој бил итно пренесен со возило на Институтот за итна медицина од округот Лика-Сeњ во Респираторниот центар во КБЦ Риека.
Бискупот монс. д-р Миле Боговиќ почина во Господ во саботата, на 19 декември 2020 година, во 19 часот во Респираторниот центар на Клиничкиот болнички центар Риека.
Бискупскиот ординаријат дополнително ќе ја информира јавноста за погребниот обред и светата Литургија. Вечен покај дарувај му Господи. Почивај во мирот Божји! – стои во соопштението од ординаријатот на бискупијата Госпиќ -Сeњ.
к.мк