Почесниот папа Бенедикт XVI заедно со папата Фрањо ќе го прослави 65 годишниот свештенички јубилеј

Почесниот папа Бенедикт XVI на 28 јуни во Апостолската палата ќе ја прослави во присуство на папата Фрањо 65 годишнина од своето свештеничко ракополагање  кое се случило во катедрала во Фрајзинг на 29 јуни 1951 година.

„Не како ние да владееме со верата ваша, туку сме помагачи на вашата радост“ – тие зборови на свети Павле како гесло го придружувале свештеничкото ракополагање на младиот Јосиф – пренесува фондацијата Рацингер.

Бевме повеќе од 40 кандидати; кога бевме повикани одговоривме Adsum – еве ме – пишува почесниот Папа во својата автобиографија. „Беше прекрасен летен ден кој останува незаборавен како најважниот момент во мојот живот.“ „Не треба да се биде суеверен, но во моментот во кој стариот надбискуп ги положи рацете на мене една птица летна од главниот олтар на катедралата и запеа мала радосна песна; за мене тоа беше како глас од небото да ми каже: оди така на исправен пат си.“

Со Јосиф беше ракоположен и неговиот постар брат Герог Рацингер. „На денот на првата света Литургија нашата парохија Свети Освалд беше осветлена во целиот сјај и радоста и сите ги вклучи во светиот чин на најживиот начин „активно учество“ на која не беше потребна посебна надворешна активност – се присетува Бенедикт XVI. „Бевме повикани во сите домови да го однесеме неоерејскиот благослов и секаде бевме прифатени – дури и од непознати луѓе – со искреност која до тој момент не ја ниту замислував.“

Така на многу директен начин искусив колку луѓе го чекаат свештеникот, колку го сакаат неговиот блоагослов кој црпи сила од светите Тајни. Тие во нас гледаа луѓе на кои Христос им доверил послание да го носат неговото присуство меѓу луѓето“ – стои во автобиографијата на почесниот Папа.

Свештенството не е само „служба“ туку света Тајна: Бог се служи со сиромашен човек за преку него да биде присутен меѓу луѓето и да делува за нив – истакна Бенедикт XVI на 11 септември 2010 година на светата Литургија за завршувањето на Свештеничката година која тој ја прогласи по повод 150 годишнината од смртта на свети Иван Вијанеј заштитникот на сите пароси во светот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот