Почесниот папа Бенедикт XVI. од тишината на манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан замина со авион за Минхен каде пристигна на 18 јуни 2020 година, од каде се упати за Регенсбург, за да го посети својот 96 годишен тешко болен брат Георг. Во родниот крај пристигна во придружба на секретарот Георг Генсвајн, лекар, медицинска сестра и заменик командантот на ватиканската жандармерија. Почесниот папата Бенедикт XVI ќе помине одредено време во Регенсбург – изјави директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Матео Бруни.
Секогаш поврзани, двајцата браќа, кои се три години разлика, ракоположени се за свештеници во ист ден, 29 јуни 1951 година во катедралата во Фрајсинг. Нивниот ангажман ги носи на различни страни. Георг станал познат музичар, а Јосеф врвен теолог, но постојано биле поврзани. Доказ за тоа се бројните посети на Георг Рацингер во Ватикан од 2005 до 2013 година за време на понтификатот на неговиот брат, но и после неговото повлекување од Петровата служба.
Ватикан њуз/к.мк