Поучна приказна: Планот на сатаната – Украдете им го времето
„На нашиот непријател Бог не му можеме ништо, но оние кои ги вршат неговите заповеди можеме да ги залажеме и да ги придобиеме за нас.“
Сатаната во подземјето ја построи својата војска – демони. Им рече: „На нашиот непријател, Бог не му можеме ништо, но оние кои ги вршат неговите заповеди можеме да ги залажеме и да ги придобиеме за нас. На католиците не можеме да им забраните да одат во црква, ниту пак да го читаат Светото Писмо, но можеме да ги залажеме повеќе да не расте нивната љубов кон Исус Христос, да немаат контакт со него односно разговор, молитва. Ако во ова успееме да ги излажеме и заведеме, ќе ги придобиеме за нас. Затоа, пуштете ги да одат во црква, пуштете ги да праат сè по својот обичај, ноа украдете им го времето, времето за разговор со Бог, односно молитва. Така гласи мојата наредба, до вас војниците на подземјето. Затоа тргнете и залажувајте ги.“
„Како да го направиме тоа?“ – прашуваат демоните
Сатаната одговара: „Оптеретувајте ги секој ден со бескорисни и безначајни ситници, завладејте со нивните мисли и измислете секогаш нешто ново. Насочувајте ги така што да имаат многу трошоци, нивната потрошувачка да биде сѐ поголема, да земаат нови и нови кредити. Жените наговорете ги да живеат за својата работа, бидејќи така ќе бидат помалку со нивните деца. Мажите наговорете ги да работат 7 дена, секој ден 10-12 часа и така ќе бидат изморени и ќе немаат време за молитва и за семејството. Така ќе им обезбедиме празен живот. Наполнете им ги главите да не знаат да го слушаат тивкиот глас на Светиот Дух. Научете ги да слушаат музика додека брзаат со своите автомобили, мислите да им заталкаат и да станат невнимателни. Радиото, телевизорот, компјутерот, мобилните распоредете ги да бидат во нивна близина за да им го одземаат вниманието од своите блиски.
Преполнете ги со весници, дури и трпезата каде ручат нека е полна со весници, на секој час пласирајте им нови вести за убиства, кражби, авионски несреќи, војни, абортуси, евтаназија, самоубиства, огромни суми на пари од препродажба на дрога. Залепете им по улиците реклами, поштенското сандаче затрупајте им ги со рекламни понуди за бесплатни производи. На насловните страни на весниците нека бидат што поубави и поголи девојки. Испратете ги во кафулиња, забавни паркови, кина, концерти, бидејќи нашата цел е да бидат ЗАФАТЕНИ, ЗАФАТЕНИ, ЗАФАТЕНИ. Време за семејството и молитва не смеат да имаат.
Постојано нека имаат чувство на зафатеност , пренатрупаност, да не им падне на памет евангелизација, бидејќи би можеле да придобијат некоја нова душа за Бог. Всадете им во срцето гордост, себичност, лошотија, лакомост, инает, горделивост, да не се понижуват и да побараат од Бог прошка и нова силата на Светиот Дух. Верувајте овој план ќе успее.“
Говорот е завршен, а демоните тргнаа побрзо по светот да ја вршат добиената задача, да ги попречуваат христијаните и да ги мамат да го поминат животот брзејќи ваму таму.
Непознат автор/к.мк/ Валентина Алаџова