Поттикнати од референдумот во Хрватска французите ќе бараат референдум

Фрижит Баржо, лидер на француското граѓанско движење кое остро се спротивставува за легализацијата на истополовите бракови во таа земја, поттикната од референдумот за бракот во Хрватска одлучи да започне интернет петиција за распишување на референдум на кој граѓаните би гласале за уставна одредба, која би го дефинирала бракот како заедница помеѓу маж и жена, јавуваат француските медиуми. Упешниот референдум би довел до потреба за ревизија на законот со кој се легализиарани истополовите бракови во Франција. Кога ќе собере доволен број потписи, Баржо планира петицијата да ја испрати до францускиот претседател Франсоа Оланд.

Со притисок на јавноста може да се менуваат работите. Од почетокот ми велеа дека тоа не е возможно, но Хрватска покажа дека тоа не е точно – рече Баржо која е на чело на движење во Франција кое остро се противи на легализацијата на истополовите бракови.

Битнонет/го*ко

Категорија: Свет

За авторот