Постулаторот на Мајка Тереза за новата светица

Недела, 4 септмври 2016: канонизација на блажена Мајка Тереза од Калкута. Постулаторот за случајот со канонизацијата, о. Брајан Колодиејчук ни кажа зошто таа веруваше дека ќе биде „светица на темнината“.

Над сто илјади верници се очекува да дојдат на канонизацијата на блажена Мајка Тереза од Калкута во недела 4 септември 2016 година. Основателката на монашката заедница Мисионерки на Љубовта, Мајка Тереза го посвети својот живот помагајќи на најсиромашните меѓу сиромашните, болните, оние на умирање и несаканите. Таа доби голем број награди за нејзината работа вклучувајќи ја и Нобеловата награда за мир во 1979 година. Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година на 87 годишна возраст. Таа беша прогласена за блажена од папата Иван Павле II во 2003 година.

Отец Брајан Колодиејчук е постулатор за нејзината кауза за прогласување за светица. Тој за Треси Мек Клер од Радио Ватикан изјави: „Таа беше многу надарена да зборува за човештвото. Таа беше интелигентна, многу практична, родена учителка, организатор… пееше, имаше прекрасен глас; свиреше на инструменти, пишуваше поезија. Таа имаше многу дарови.“

Тој додаде дека Мајка Тереза очекувала четири илјади сестри кои сега се дел од заедницата да се посветат на Исус и да живеат едноставен живот: „сестрите кои се приклучија беа високо талентирани доктори, медицински сестри и друго – но тие требаше да живеат едноставно како сите други сестри. И таа тоа го направи за себе“.

„Таа ја прикри длабочината на нејзината светост со надворешната страна на едностaвниот нејзин живот и нејзините зборови.“

Дали Мајка Тереза знаеше дека ќе биде прогласена за светица?

Запрашан што би кажала Мајка Тереза ако таа знаеше дека навистина ќе биде прогласен за светица, о. Брајан одговори:

„Јас мислам дека таа беше невина и чиста, но не беше глупава или наивна. Па мислам дека претчувствуваше.. Знаеш, на прес-конференција, новинарот ќе ја прашаше: „Па, Мајка Тереза, зошто мислите дека луѓето ве викаат живата светица?“ и потоа, таа ќе кажеше, … „ти или ние не треба да бидеме изненадени ако ти го гледаш Исус во мене затоа што тоа е обврска за сите нас да бидеме свети“.

„Јас мислам дека морала да има некое чуство дека ќе биде прогласена за светица но мислам дека една од нејзините други истакнати доблести е понизноста“, продолжи о. Брајан. „Затоа што таа беше една од жените на кои најмногу – се восхитуваа во дваесетиот век – не само во Црквата – не откако свeти Фрањо Асишки направи некој да го прошири ова ехо надвор од Црквата. Се разбира ние имаме други големи светци но кој го има тоа ехо?… Дури во културата, ќе видите во филмовите или во книгите или нешто, некој ќе каже, „Кој мислиш дека сум јас, Мајка Тереза?“ Постои чувството дека тие едноставно ја идентификуваа Мајка Тереза со добрината, милоста, помагањето…“

Чудото

Чудното оздравување на Маркило Хадад Андријано во 2008 година во Бразил се препишува на застапништво на Мајка  Тереза. Отец Барајан рече дека на Маркило му било „дијагностицирано дека има бактериска инфекција во мозокот која предизвикува повеќе апсцеси што доведува до хидроцефалија – вода во мозокот… неговата жена Фернанда почнала да се моли за негово закрепнување“.

Таа постојано се молела на 9 декември, раскажува о. Брајан, кога „тој бил во таква силна болка од притисокот на водата во мозокот што паднал во кома. Всушност, во тој ден умирал. Па тие продолжиле да молат – докторот сакал да направи операција за да ја исцеди течноста, но не можеле да го направат тоа на нормален начин затоа што имаше проблем со грлото и анестезиологот се плашеше да го направи тоа. Околу 18.00 часот, Маркило беше во операционата сала и околу 18:10 докторот отиде да се обиде да најде мислам ендокринолог или некој друг за да го направи тоа на друг начин“.

Кога докторот се врати во операционата сала во околу 18.40, објаснува о. Брајан, „Маркило беше веќе во длабока кома, 3 на Глазговата скала – 15 е свесна и 3 е блиску до смртта – и потоа (наеднаш), Маркило се разбуди, без болка, и разгледа наоколу во операционата сала и рече: „Што правам јас овде?“ Во тоа време, неговата жена молеше интензивно.“

Неврохирурзите во Бразил и Рим кои го испитуваа Маркило пред и после скенирањето на мозокот, беа уплашени: Тие „рекоа дека нема начин ти да можеш да одиш од овде до овде“, додаде о. Брајан. Докоторот кој го лекуваше Маркило рече дека од 30 пациенти во негова грижа со иста состојба, Маркило е единствениот кој некогаш преживеал.

За едно друго ‘чудо’, отец Брајан изнесе факт дека Маркило и неговата жена на кои им било кажано дека никогаш нема да можат да имаат деца, открија дека Фернанда била бремена и очекуваат две дечиња.

 РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот