Група на свештеници од Украинската епархија од Париз во сабота 25 јуни 2018 година ја завршија еднонеделна посета на Македонија, односно поклоничко патување во чест на Мајка Тереза.
Украинската католичка епархија на „Свети Владимир Велики“ е со седиште во Париз, а ги покрива украинските парохии во Франција, Белгија, Холандија, Швајцарија и Луксембург, епарх е Н.В.П. д-р Борис Хуѕјак. Во негово име групата ја предводеа о. протереј Михајло Ромањук, генерален векар и о. протоереј Адам Фигурек, епископски викар за Белгија.
Во понеделникот на 18 јуни со благослов на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, служеа света литургија во Светилиштето Света Мајка Тереза, запознавајќи се со музејскиот простор на Спомен куќата на Мајка Тереза каде беа пречекани од директорката г-ѓа Рената Кутера Здравковска
Покрај Скопје тие во придружба на отец Зоран И. Стојанов, ги посетија Струмица, каде беа пречекани од свештениците на Македонската католичка епархија Струмица-Скопје, Радово, Охрид, Свети Наум и Битола.
Наталија Стојанова