Португалски свештеник и некогашен медицински техничар се врати во болницата

Португалски свештеник и некогашен медицински техничар се врати во болницата

После една деценија отсуство, свештеникот отец Рубен Фигуеиредо се врати во здравствената заштита. Сега волонтира за да им пружи медицинска и духовна помош на заболените од коронавирусот.

Отец Фигуеиредо свештеник на бискупијата Сантарем сега волонтира во импровизираната болница во Фатима која се грижи за повеќе од 40 болни. На „новото работно место“ е од отворањето на привремената болница на 14 декември 2020 година. За Еклеси португалска католичка агенција, како што пренесува порталот Алетеја, младиот свештеник кажал дека во текот на пандемијата во која постои неизмерна потреба за здравствен персонал не можел да одолее и ја понудил својата помош и сега се наоѓа на првата линија во борбата против вирусот.

Од една страна ја истакнува својата доверба во националната здравствена служба во земјата чиј одговор на ситуацијата ја фали. Од друга страна и истовремено на ситуацијата гледа како свештеник и преку очите на верата. „Посебно ја истакнувам довербата и надежта. Живееме во времиња на страв, во кои граматика и лексикон се – смрт, страдање и зараза… Како христијани знаеме дека Христос е со нас, Христос оди со нас и е присутен во овие часови. Како христијани мора да имаме вера и надеж“, рече додавајќи дека и самиот настојува ова да го живее.

Отец Рубен бил медицински техничар пред да стапи во семинарија во 2011 година. За свештеник е ракоположен во 2017 година кога добил служба во парохија. Со доаѓањето на пандемијата речиси се навршило деценија откако не работел во здравството, но бидејќи во тој сектор заради коронавирусот бил потребен поголем број на работници го понудил својот придонес.

Сега освен што дава медицинска грижа, свештеникот во тоа гледа прилика за да сведочи дека Црквата „не стои со скрстени раце затворена за оваа стрдање.“ „Добро е да видат декат дека свештениците се на располагање, даваат помош“, рече тој. Но, враќањето на старата работа не било баш така лесно затоа што морал повторно да ја земе книгата во раце и да повтори како треба да реагира за време на пандемија. Одложувањето на мнозинството парохиски активности му овозможило служење на болните, а поддршка добил од епископокот, од колегите свештеници и од парохјаните. Сепак отец Фигуеиредо и понатаму е во контакт со својата заедница и настојува да им остане близок преку телефон и со посредство на социјалните мрежи.

Покрај работата во „погонот за Ковид-19“ отец Рубен доброволно се јавил за помош во грижата за постариот свештеник отец Фернандо Кампоса да Силва кој бил заразен од коронавирусот. Тој почина во последната седмица од јануари на 91 годишна возраст во својата соба во свештеничката куќа каде со него бил сместен и младиот свештеник. „Беше привилегија да се биде таму во последните моменти од неговиот живот. Имав слободен викенд и се понудив да одам да се грижам за отец да Силва“, се потстува свештникот и медицински техничар додавајќи дека неговиот постар колега починал во мир додека тој свирел Кирие елеисон (Господи помилуј).

Недеља/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот