Во божиќната порака, упатена пред благословот Urbi et orbi, на градот и светот, во среда 25 декември 2019 година, папата Фрањо истакна дека светлото на Детето кое вечерва се роди е поголема од темнината во човечкото срце и конфликтите. Папата упати апел за мир во Сирија, Светата Земја, Украина и Демократска Република Конго, се осврна и на кризите во Либан и Венецуела и се спомна на прогонетите заради верата и оние кои мора да ги напуштат сопствените домови со надеж за сигурен живот
„Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина “ (Исаија 9,2)
Драги браќа и сестри, Среќен Божиќ!
Од утробата на мајката Црква повторно вечерва се роди Синот Божји, кој стана човек. Името му е Исус, што значи Бог спасува. Отецот на вечната и бескрајна љубов, го испрати не за да го суди светот, туку да го спаси. Отецот ни го даде со неизмерно мислосрдие. Го даде за сите. Го даде засекогаш. И Он се роди, како мал пламен запален во темната и студенилото на ноќта.
Тоа Дете, родено од Дева Марија е овоплотеното Слово Божјо. Словото кое го управувало срцето на Авраам и чекорите кон ветената земја и продолжи да ги привлекува оние кои веруваат во Божјите ветувања Слово кое ги водеше Евреите на патот од ропство во слобода и продолжува да ги повикува робовите на сите времиња, па и ден денес, да излезат од своите затвори. Тоа Слово е посветло од сонцето, овоплотено во малиот син човечки, Исус, светлината на светот.
Затоа пророкот извикува:,,Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина“ (Исаија 9,2). Да, во човечките срца постои темнина, но Христовото светло е поголема. Има темнини во личните, семејните,општествените односи, но Христовото светло е поголемо. Темнина има во економските, геополитичките и еколошките конфликти, но Христовата светло е поголемо.
Христос нека биде светло за многу деца кои страдаат поради војни и конфликти на Блискиот Исток и во различни земји во светот. Нека биде утеха за саканиот сириски народ, кој с еуште не гледа крај на непријателствата кои што ја зафатија земјата во оваа деценија. Нека ги раздрма совестите на луѓето со добра волја. Нека ги вдахнови владарите и меѓународната заедница да пронајдат решенија кои ќе гарантира сигурност и мирен соживот на народите на целиот тој регион и да стават крај на нивното страдање. Нека биде потпора на либискиот народ за да можат да излезе од сегашната криза и повторно да го откријат својот повик да бидат гласник на слободата и складен соживот за сите.
Нека Господ Исус биде светло за Светата Земја каде е роден Тој, Спасителот на човекот и каде многумина и понатаму и покрај пречките не дозволуваат да се обесхрабрат, туку ги очекуваат деновите на мир, сигурност, и благосостојба. Нека биде утеха за Ирак, во кој владеат општествени тензии, како и за Јемен кој поминува низ сериозна хуманитарна криза.
Малото Витлеемско дете нека биде надеж за целиот американски континент каде повеќето земји поминуваат низ период на социјални и политички превирања. Нека го охрабри саканиот венецуелски народ, кој многу долго е искушуван од политички и социјални тензии и нека не дозволи да остане без помошта која им е потребна. Нека ги благослови напорите на оние кои работат за промовирањето на правдата и помирувањето и се трудат да ги надминат различните кризи и многу облици на сиромаштво кои го навредуваат достоинството на секој човек.
Спасителот на светот нека биде светло за драгата Украина, која ккопнее за конкретни решенија за траен мир.
Господ, кој се роди, нека биде светло за народите во Африка, каде и понатаму има опоштествени и политички прилика кои често ги принудуваат луѓето да се иселат и на тој начин да останат без дом и без семејство. Нека биде мир за населението кое живее во источните краеви на Демократска Република Конго, кои се изложени на мачеништво од постојаните конфликти. Нека биде утеха на оние кои страдаат поради насилство, природни катасторфи или вонредни здраствени состојби. Нека биде утеха на оние кои се прогонувани поради својата вера, особено на киднапираните мисионери и верници, и они кои се жртва на напади од екстремистички групи, посебно во Буркина Фасо,Мали, Нигер и Нигерија.
Синот Божји, кој слезе од Небото на земјата, нека биде штит и поддршка на сите оние кои заради овие и други неправди мора да емигрираат, нaдевајќи се на живот во сигурност. Неправдата е она што ги присилува да поминуваат преку пустини и мориња претворени во гробишта. Неправдата е нао што ги принудува да поднесуваат неискажливи злоупотреби, сите врсти на ропство и мачења во мигрантските кампови каде владеат нечовечки услови. Неправдата е причината зашто тие бегаат од местата каде би требало да имаат надеж за достоинствен живот и наидуваат на ѕидови на рамнодушност.
Емануел нека биде светло за целото рането човештво. Нека ги омекна нашето често тврдо и себично срца, и нека не направи орудие на својата љубов. Со нашите сиромашни лица нека ја подари својата насмевка на децата ширум светот: напуштените и децата кои претрпеле насилство. Со нашите слаби раце нека ги облече сиромашните кои немаат што да облечат, нека им даде леб на гладните, нека се погрижи за болните. На нашето кревко општество нека биде блиску до старите личности и оние кои се сами, мигрантите и оние кое се втурнати на работ од општеството. На овој празник на сите нека ни ја подари својата нежност и и нека ја осветли темнината на овој свет. на оваа светло.
Драги браќа и сестри,
уште еднаш ви посакувам Среќен Божиќ на сите вас кои сте дојдени од сите страни на светот на овој Плоштад, како и на сите оние од различните земји кои нè следат преку радио, телевизија и други средства за комуникација. Ви се заблагодарувам на вашата присутност на овој радосен ден.
Сите сме повикани да му дадеме на светот надеж, навестувајќи со зборови и пред сè со сведоштво во својот живот дека се роди Иссу, нашиот мир.
Ве моламм, не заборавајте да се молите за мене. Добар апетит на овој божиќен ден и довидување.
Ватикна њуз/к.мк