Порака на папата Фрањо за 6. Светскиот ден на сиромашните – 13 ноември 2022 година

Порака на папата Фрањо за 6. Светскиот ден на сиромашните – 13 ноември 2022 година

1.„Исус Христос осиромаши заради вас“ (2 Кор 8, 9) Со овие зборови апостол Павле им се обраќа на првите христијани во Коринт за да ги поттикне нивните напори да покажат солидарност со своите браќа и сестри во потреба. Светскиот ден на сиромашните и оваа година доаѓа како здрав предизвик, помагајќи ни да размислиме за нашиот стил на живот и за многуте форми на сиромаштија насекаде околу нас.

Пред неколку месеци, светот почна да излегува од бурата на пандемијата, покажувајќи знаци на економско закрепнување што ќе им донеси олеснување на милиони сиромашни луѓе поради губењето на работните места. Се отвори поглед на спокојство кое, без да ни ја намали тагата за загубата на нашите блиски, ветуваше дека ќе нè врати во директни меѓучовечки односи и повторно меѓусебно дружење без дополнителни забрани или ограничувања. Сега, сепак, на хоризонтот се појави нова катастрофа, предодредена да наметне на нашиот свет многу поинакво сценарио.

Војната во Украина се надополнува на регионалните војни кои во последниве години жнеат смрт и уништување. Но, ситуацијата е посложена поради директната интервенција на една „суперсила“, која има намера да ја наметне својата волја против принципот на самоопределување на народите. Се повторуваат сцени на трагично сеќавање, меѓусебната уцена на некои моќници го покриваат гласот на човештвото што повикува на мир.

2. Каква голема сиромаштија се раѓа со бесмисленоста на војната! Каде и да погледнеме, можеме да видиме како насилството ги погодува беспомошните и најслабите луѓе. Депортација на илјадници луѓе, пред сè млади момчиња и девојчиња, со цел да им се отсечат корените и да им се наметне друг идентитет. Зборовите на Псалмистот пред уништувањето на Ерусалим и прогонството на младите Евреи се враќаат денес: „Крај реките вавилонски – таму седевме и плачевме, кога ќе се сетевме на Сион; на врбите, среде Вавилон, ги закачивме нашите харфи. Зашто таму, оние што нè заробија и кои нè одведоа, побараа од нас радосна песна, велејќи ни: „Пејте ни од песните сионски!” Како да зепееме Господова песна на туѓа земја? (Пс. 137:1-4).

Милиони жени, деца и стари лица се принудени да и пркосат на опасноста од бомбите за да се спасат себеси барајќи засолниште како бегалци во соседните земји. Оние кои остануваат во конфликтните зони, живеејќи секој ден со страв и недостаток на храна, вода, медицинска нега и што е најважно без своите најмили. Во овие ситуации разумот е заматен и тие што ги трпат последиците се многу обични луѓе, кои се надоврзуваат на и онака големиот број сиромашни луѓе. Како можеме адекватно да одговориме на оваа ситуација и да им донесеме олеснување и мир на сите овие луѓе, оставени на милост и немилост на несигурноста и недостиг?

3. Во овој контрадикторен контекст, се одржува Шестиот светски ден на сиромашните, со поканата – што ја прифати апостол Павле – да го задржиме нашиот погледот вперен во Исус, кој „Бидејќи богат осиромаши поради вас, та и вие да се збогатите преку Неговата сиромаштија“(2 Кор 8:9). За време на неговата посета на Ерусалим, Павле ги сретнал Петар, Јаков и Иван кои го замолиле да не ги заборави сиромашните. Заедницата во Ерусалим, всушност, беше во сериозни тешкотии поради гладот ​​што ја зафати земјата. Апостолот веднаш почнал да организира големо собирање помош за тие сиромашни. Христијаните од Коринт покажале многу разбирање и помогнале. На барање на Павле, секој прв ден од седмицата го собирале она што можеле да го зачуваат и биле многу дарежливи.

Во тој момент времето како да застанало, така и ние самите, секоја недела, за време на празнувањето на Светата Евхаристија, го правиме истиот гест, собирајќи ги нашите приноси за заедницата да го обезбедиме потребното на најсиромашните. Тоа е знак што христијаните отсекогаш го исполнувале со радост и чувство на одговорност, така што на ниту еден од нашите браќа или сестри не треба да му недостасува она што е потребно за живот. Тоа веќе го сведочи записот на свети Јустин, кој во вториот век, му напишал на императорот Антонин Пиј опишувајќи го неделното славење на христијаните, напишал вака:  „Во недела имаме заедничко собрание за сите наши членови, без разлика дали живеат во градот или во оддалечените области. Се читаат спомените на апостолите или списите на пророците, додека дозволува времето време […] Евхаристијата се дели, сите присутни  ја примаат, а ѓаконите им ја носат на отсутните. Богатите и тие што можат да дадат придонес слободно, секој што сака, а собраното се носи кај свештеникот. Тој им помага  на сираците и вдовиците и на сите кои од било која причина се во неволја, без разлика дали се болни, затворени или далеку од дома. Со еден збор, се обезбедува грижа за сите кои имаат потреба“ (Прва Апологија, LXVII, 1-6).

4. Враќајќи се при заедницата во Коринт, по првичниот ентузијазам, нивната посветеност почна да опаѓа и иницијативата што беше предложена од Апостолот изгуби на интензитет. Поради оваа причина, Павле во своето писмо искрено ги охрабрува да ја обноват колектата: „сега довршите го започнатото дело, та, како што имаше усрдност во вашето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според средствата.“ (2. Кор. 8:11).

Мислам во овој момент на подготвеноста што во последниве години доведе цели популации да ги отворат вратите за пречек на милиони бегалци од војните на Блискиот Исток, во Централна Африка и сега во Украина. Семејствата ги отворија своите домови за да направат простор за други семејства, а заедниците несебично пречекаа многу жени и деца за да им овозможат достоинство да живеат тоа што им припаѓа. Сепак, колку подолго трае конфликтот, толку повеќе се влошуваат неговите последици. Народите што ги прифаќаат им е сè потешко да дадат континуитет на помошта; семејствата и заедниците почнуваат да ја чувствуваат оптовареноста на ситуацијата што ја надминува итната состојба. Тоа е моментот кога не треба да попуштите и да ја обновите почетната мотивација. Тоа што сме го започнале треба и да го завршиме со исто чувство на одговорност.

5. Солидарноста е, всушност, токму тоа: малкуто што го имаме да го поделиме со оние што немаат ништо, за никој да не страда. Колку повеќе расте чувството за заедница и заедништво како начин на живот, толку повеќе се развива солидарноста. Дополнително, мора да се земе во предвид дека има земји каде што во последните децении има значителен раст на благосостојбата на многу семејства, кои достигнале безбедна состојба на живот. Ова е позитивен резултат на приватните иницијативи и законите на економскиот раст, како и конкретните стимулации за поддршка на семејствата и општествената одговорност. Придобивките од безбедносен аспект и стабилност сега можат да се поделат со оние кои беа принудени да ги напуштат своите домови и родни краеви за да се спасат и преживеат. Како членови на граѓанското општество, да продолжиме да ги поддржуваме вредностите на слободата, одговорноста, братството и солидарноста. И како христијани, милосрдието, верата и надежта секогаш да ги правиме основа на нашите животи и нашите постапки.

6. Интересно е да се забележи дека апостолот Павле не сакал да ги обврзува христијаните да прават милосрдие како некоја обврска: „Ова ви го велам не како заповед“ (2. Кор. 8:8). Наместо тоа, Павле ја „испитува усрдноста“ на нивната љубов“ преку сериозноста на нивната грижа за сиромашните (ibit). Секако, барањето на Павле е темел на вистинска потреба за конкретна помош; сепак, неговата желба е многу подлабока. Тој бара од поединци да го дадат својот прилог со тоа што колектата би им била знак на љубов, на што сведочи и самиот Исус. Со еден збор, несебичноста кон сиромашните ја има својата најмоќна мотивација во примерот на Божјиот Син, кој избра да осиромаши.

Апостолот, всушност, не се плаши да потврди дека тој Христов избор, на „самоодрекување“, е „благодат“, навистина тоа е „милоста на нашиот Господ Исус Христос“(2. Кор. 8:9). Само со негово прифаќање можеме да дадеме конкретен и доследен израз на нашата вера. Учењето на целиот Нов Завет има свое единство преточено во тој поглед, што се изразува и во зборовите на апостол Јаков: „Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе. Оти, кој го слуша словото а не го извршува, тој прилега на човек, кој го гледа сопственото си лице во огледало; ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил. Но кој ќе се задлабочи во совршениот Закон на слободата и остане во него, тој, бидејќи е не заборавлив слушател, туку извршител на делото, ќе биде блажен во своето делување. (Јак 1,22-25).

7. Кога се во прашање сиромашните не поминува беседништво, туку се засукуваат ракавите и се практикува верата преку директно вклучување, кое не може никому да му се делегира. Меѓутоа, понекогаш може да завладее опуштеност, кое може да доведува до неконзистентно однесување, како што е рамнодушноста кон сиромашните. Исто така, се случува некои христијани, поради прекумерна приврзаност кон парите, да се заглават во злоупотреба на добра и наследство. Тие ситуации што манифестираат мала вера и слаба и кратковидна надеж.

Знаеме дека проблемот не се самите пари, бидејќи тие се дел од секојдневниот живот и тоа како поединци и општествени односи. Тоа за што треба да размислиме е, напротив, која вредност ја имаат парите за нас: тие не требат да станат наша апсолутна и главна цел. Приврзаност не спречува да гледаме реално на секојдневието и ни го замаглува погледот, спречувајќи не да ги согледате потребите на другите. Ништо полошо не може да му се случи на еден христијанин или заедницата од тоа да биде заслепен од идолот на богатството, кој на крајот нè окова со ефемерна (краткотрајна) и пропадната визија за животот.

Затоа, не станува збор за постапување со сиромашните на начин сличен на помош, како што често се случува, потребно е да се залагаме дека никому не му недостигаат од најважните работи. Активизмот не е тоа што не спасува, туку искрено и дарежливо внимание што ни овозможува да им пристапиме на сиромашните како брат кој подава рака за да се разбудам од ступорот во кој сум западнал. Затоа, „никој не треба да каже дека не може да се зближи со сиромашните затоа што не му го дозволуваат обврските што го условува неговиот начин на живот“. Ова е чест изговор во академските, деловните и професионалните кругови, па дури и во црковните кругови. […] никој не треба да се смета себеси за ослободен од грижата за сиромашните и за социјалната правда“ (пост. поб. Evangelii Gaudium, 201). Многу е неопходно да се изнајдат нови начини кои го надминуваат пристапот на социјалните политики „сфатени како политика кон сиромашните, но никогаш со сиромашните, што никогаш не е политика на сиромашните, а уште помалку што ги обединува луѓето “ (енц. Fratelli tutti, 169). Напротив, треба да го прифатиме ставот на апостолот кој можел да им напише на Коринтјаните: „ Зашто не сакам на другите да им биде лесно, а вам – тешко, туку подеднакво!“ (2. Кор 8, 13).

8. Има еден парадокс кој денес како и во минатото е тешко да се прифати, бидејќи се судира со нашиот човечки начин на размислување: постои сиромаштија што може да не прави богати. Повикувајќи се на „милоста“ на Исус Христос, Павле сака да го потврди она што Тој самиот го проповедал, имено дека вистинското богатство не се состои во собирање „богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат“ (Мт 6, 19 ), туку во взаемна љубов што нè тера да ги носиме товарите едни на други за никој да не биде напуштен или исклучен. Искуството на слабост и ограниченост што го доживеавме во последниве години, а сега и трагедијата на војната со нејзините глобални последици, требат да нè научи на нешто значајно: ние не сме во овој свет за да преживееме, туку затоа што секому му е дозволен достоинствен и среќен живот. Пораката на Исус ни го покажува патот и нѝ дава да видиме дека постои сиромаштија која понижува и убива, но има и друга сиромаштија, во Негова сопственост, која нè ослободува и прави среќни.

Сиромаштијата што убива е мизерија, ќерка на неправдата, искористување, насилството и неправедната распределба на добрата. Таа е безнадежна сиромаштија во која недостасува иднина, бидејќи наметнува култура на отфрлање која не дава перспективи, а ниту можни излези. Тоа е мизерија, иако го принудува во состојба на крајна сиромаштија, влијае и на духовната димензија, која често се занемарува, но тоа не значи дека таа не постои или не се важна. Кога единствениот закон е крајната цел на профитот на крајот од денот, ништо не спречува да ги гледаме другите едноставно како предмети што треба да се искористат, другите луѓе стануваат само средство за постигнување на целта. Тогаш нема повеќе правични плати, правилно работно време, па се создаваат нови форми на ропство, кои ги трпат луѓето кои немаат алтернатива и мора да ја прифатат оваа тажна горчина едноставно само за да си обезбедат живот.

Сиромаштијата што нè ослободува, од друга страна, е она што стои пред нас како одговорна одлука да се отфрли сета мртва тежина и да се концентрираме на она што е суштинско. Навистина лесно може да го препознаеме чувството на незадоволство што го доживуваат многумина, бидејќи чувствуваат дека им недостасува нешто најважно и тргнуваат да го бараат како бесцелно талкање. Желни да најдат нешто што може да им донесе задоволство, треба да се насочат кон најмалите, слабите, сиромашните за конечно да сфатат што навистина им треба. Запознавањето со сиромашните ни овозможува да ставиме крај на толку многу неконзистентни грижи и стравови, да дојдеме до она што е вистинско во животот и што никој не може да ни го украде: вистинска и слободна љубов. Сиромашните,  пред да бидат предмет на наша милостина, тие се луѓе кои можат да ни помагаат да се ослободиме од врските на немирот и површноста.

Иван Златуст, црковен Отец и учител, во своите дела остро ги осудува несоодветните христијански ставови кон најсиромашните, напишал: „Ако не можете да верувате дека сиромаштијата те прави богат, сети се на твојот Господ и престанете да се сомневате во тоа. Зашто, доколку Тој не осиромашеше, вие немаше да станете богати. Навистина е чудесно  сиромаштијата стана извор на изобилно богатство. Но со „богатство“ на Павле овде се подразбира знаењето за побожност, чистење од гревовите, праведноста, осветувањето и сите оние безброј добра што Господ ни ги дал сега и засекогаш. И сето тоа го имаме благодарение на сиромаштијата“ (Проповед за Второто послание до Коринтјаните 17:1).

9. Текстот на Апостолот, за овој 6-ти Светски ден на сиромашните, го покажува големиот парадокс на животот на верата: Христовата сиромаштија нè прави богати. Ако Павле можел да го пренесе тоа учење – а Црквата може да го шири и сведочи низ вековите – затоа што Бог, избрал неговиот Син Исус, да го помина тој пат. Благодарение на тоа што Он за нас осиромаши, нашиот живот се осветлува и преобразува и добива вредност која светот не ја знае и не може да ја даде. Исусовото богатство е неговата љубов, која не е затворена за никого и оди во пресрет на сите, особено кон оние кои се маргинализирани и лишени од неопходното. Од љубов, тој се овоплоти и стана човек. Од љубов, тој станал послушен слуга, дури до самата смрт и тоа смрт на крст. (Фил. 2,6-8). Од љубов, стана „леб на животот“ (Ив. 6, 35), за никому да не му недостасува потребното и секој да најде храна за вечен живот. Тогаш мнозина од учениците Негови, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша (Ив. 6, 60). Но, Исусовиот збор е јасен. Ако сакаме животот да ја победи смртта и достоинството да се спаси од неправдата, треба да го следиме неговиот пат: да го следиме Христа сиромавиот, да го делиме животот со љубов, да го делиме лебот на сопствениот живот со нашите браќа и сестри, почнувајќи од најмалите, и на оние на кои им недостасува нужното, за да надвладее еднаквоста, сиромашните мора да се ослободат од бедата, а богатите од суетата, зашто во ниту едно нема надеж.

1На 15 мај, го канонизирав брат Шарл де Фуко, човек роден во богато семејство, но се откажал од се за да го следи Исус, станувајќи како него сиромашен и брат на сите. Неговиот пустински живот, прво во Назарет, а потоа во пустината Сахара, живот во тишина, молитва и споделување, е примерно сведоштво за христијанската сиромаштија. Добро би било да размислиме за овие негови зборови: »да не ги презираме сиромашните, малите, работниците; тие не се само наши браќа во Бога, туку и најсовршено го следат Исус во неговиот надворешен живот. Тие совршено го претставуваат Исус, работникот од Назарет. Тие се прво родени меѓу избраните, први повикани во колевката на Искупителот. Тие беа со Исус од неговото раѓање до неговата смрт […]. Ние да ги почитуваме, да ги почитуваме нив во ликот на Исус и неговите свети родители […]. Да ја земеме за себе [состојбата] што тој си ја зеде за себе […]. Никогаш да не престанеме да бидеме сиромашни во сè, браќа на сиромашните, пријатели на сиромашните, да бидеме како Исус најсиромашниот меѓу сиромашните и како Исус да ги сакаме сиромашните и да бидеме опкружувани со нив“ (Коментар на Евангелието на Лука, Медитација 263). [1]За Брат Шарл, тоа не беа само зборови, туку конкретен начин на живот што го навело да го сподели дарот на самиот живот со Исус.

Нека овој 6-ти Светски ден на сиромашните стане милост за можност да извршиме заедничко и лично испитување на совеста и да се запрашаме дали сиромаштијата на Исус Христос е наш верен сопатник во животот.

 

Рим, Свети Иван Латерански, 13 јуни 2022 година, празник на Свети Антониј Падовански

ФРАЊО

 

[1] Meditation No. 263 on Lk 2 :8-20: C. DE FOUCAULD, La Bonté de Dieu. Méditations sur les saints Evangiles (1), Nouvelle Cité, Montrouge 1996, 214-216.

 

 

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот