Порака на папата Фрањо до Витезите на Колубмо
Верата нѐ учи дека Црквата треба да биде заедница на браќа и сестри кои се прифаќаат и се грижат еден за друг за да бидат квасец на помирувањето и единството на целиот човечки род – потсети папата Фрањо во пораката која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, за 132 годишнина на собранието на редот на Витезите на Колумбо, кое заврши во четврток 7 август во Орландо, САД.
Папата посебно го истакнува заземањето на редот за сиромашните и за семејствата од што јасно се гледа и во овогодинешното мото на собранието: „Сите ќе бидете браќа: нашиот повик на братство“. Редот од самиот почеток знаел да го стави во пракса тој повик – се истакнува во пораката. Верноста на идеалите на верата, братството и служењето ја гарантираше трајната живост на редот, а придонесе и придонесува за посланието на Црквата на сите нивоа, а посебно на општата служба на Апостолскиот Престол – се истакнува во пораката.
Во пораката посебно е пофалено заземањето на витезите против обидот верата да се ограничи на приватниот живот, за одбраната на улогата на религијата во јавниот живот и во охрабрувањето на верниците лаици во нивното послание да градат општество кое ја одржува Христовата вистина. Тоа го објасни Светиот Отец и во апостолското писмо „Радоста на Евангелието“, „земјата е нашата заедничка куќа, а сите сме браќа и сестри, затоа никој не може да бара религијата да ја ограничиме на приватноста на човекот, да нема влијание на општествениот и националниот живот, да не се грижиме за здравјето на општествените институции, да не се одразува на настаните кои се однесуваат на граѓаните.“
Во пораката посебно е истакната поддршката на витезите за Синодата за семејството, во октомври и Светската средба на семејства во 2015 година во Филаделфија. Семејството навистина е вистинска учителка на братството кое го обединува и изградува општеството на цврсти темели на взаемно почитување, правда, милосрдие и вистина – стои на крајот на пораката од Папата.
РВ/Д.И.