По повод почетокот на 41 Средба на католиците Италијани која од 18 до 23 август се одржува во Римини до учесниците порака упатија папата Фрањо и италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Папата во пораката преку својот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин на учесниците на средбата ја изразува својата молитвена близина. Меѓу останатото предупреди дека многумина денес се во потрга по добрата наместо по доброто, премногу фокусирани на сопствените потреби и притоа ја загубиле важната способност – детсткото чудење во светот. Средбата во Римини е силен повик повторно да се стекне таа способност за да се дојде до срцата на луѓето – порача Папата.
Средбата која од 1980 година ја приредува движењето „Заедништво и слобода“ се одржува и покрај пандемијата и е прва прилика за заеднички да се размислува за пандемијата, карантинот и досегашните последици, истакнуваат организаторите. Додека минатите години во Римини се собираа и повеќе од стотина илјади посетители оваа година настаните се одржуваат главно онлајн, а во конгресниот центар според моменталните епидемиолошки мерки може да се собират 300 лица. Средбата се одржува под геслото „Без чуда остануваме глуви за возвишенста.“ (…)
Ватикан њуз/к.мк