Порака на Папата до учесниците на Конгресот Scholas Occurrentes

Порака на Папата до учесниците на Конгресот Scholas Occurrentes

На 5 јули 2017 година, во попладневните часови Светиот Отец до учесниците на Конгресот Scholas Occurrentes, на тема „Помеѓу универзитетите и училиштата, градејќи мир преку културата на средба,“ кој започна на 2 јули во Ерусалим, а заврши на 5 јули 2017 година, испрати пригодна порака.

Во овој момент, млади и возрасни од Израел, Палестина или другите делови на светот, од разни националности, вероисповеди и реалности, сите дишиме ист воздух, сите одиме по иста земја, која е наш заеднички дом. Историите се многу и секоја ја има својата. Заради тоа, сакам да ги славам тие денови поминати таму, во Ерусалим, бидејќи вие самите – поаѓајќи од меѓусебните разлики – го постигнавте единството. Никој вас на тоа не ве научил. Го живеете.

Трудете се да се гледате едни со други во очи, настојувајте со искрено око да воочите што е главното за да се дојде до средба. Во искреноста на погледот нема одговор, туку отвореност за сето она што не сум „јас“. Во искреноста на погледот, стануваме способни за изобилството на животот. Животот не ни бега. Нѐ исполнува и нѐ зафаќа.

Сите во животот имаме некоја смисла. Никој од нас не е „НЕ“. Сите сме „ДА“; и заради тоа кога ќе се сретнеме со смислата, тоа е како да ни се шири душата. Имаме потреба на таа смисла да ѝ дадеме некое име. Да ѝ дадеме облик кој ја опфаќа. Да го изразиме на некој начин она што ни се случило. Тоа е Создавање. Освен тоа кога ќе сфатиме дека животот има смисла, имаме потреба да го славиме. Имаме потреба за славење, како човечки израз на прославата на смислата.Тогаш ја наоѓаме најдлабоката смисла која може да се има – рече папата Фрањо. (…)

Оваа средба нѐ поучи дека имаме обврска младите да ги слушаме и градиме атмосфера на надеж, за да можат тие соништа да растат и да се споделат со другите. Сонот, кога ќе се подели со другите, станува план и можност за создавање на нов начин на живеење. Планот, сите нас кој на некој начин ги формираме во училиштата, со тоа образование да изградиме култура на средба. Можеме да се обединиме со другите луѓе, вреднувајќи ја различноста на културите, но не за да постигнеме едноличност, туку хармонија – смета Папата.

А колку тоа е потребно на овој атомизиран свет! Свет кој се плаши од различностите; кој појдувајќи од тој страв понекогаш гради ѕидови со кои всушност така се постигнува најлошиот кошмар; да живееме како непријатели. Колку на овој свет му е потребно да излезе (од себе) заради средба – поттикна папата Фрањо!

Заради тоа денес сакам да ви се заблагодарам; на вас возрасните, академици на Ерусалимскиот еврејски универзитет како и во универзитетите во светот, кои таму сте присутни, бидејќи не се затворивте и сопствените знаења ги ставивте во служба на слушање. И на најмладите од Израел и Палестина, како и на поканетите од другите земји од светот исто така се заблагодаруваме заради заземањето околу сонувањето и барањето на смисла, околу креацијата, благодарењето, славењето, околу искористувањето на разумот, раката и срцето за да се оствари културата на средба. Многу ви благодарам – заврши Папата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот