Порака на Папата до Светскиот собир на добитниците на Нобеловата награда за мир

Светиот Отец на 12 декември 2014 година испрати преку кардиналот Пиетро Паролин, државниот секретар, порака до XIV Светска средба на добитниците на Нобеловата награда за мир, која се одржува во Рим од 12 до 14 декември. „Во срцето на секој човек лежи желба за исполнет живот, вклучувајќи го незапирливото тежнеење за братство што нè привлекува во заедништво со другите и ни овозможува на нив да гледаме, не како на непријатели, туку како на браќа и сестри кои треба да ги прифатиме и прегрнеме“, истакна Папата во пораката до учесниците.

Освен тоа во пораката се изразува и длабоката благодарност на Папата за предаденоста на учесниците на средбата во поттикнувањето на мирот и братството меѓу народите , како и за нивните напори во потрагата за решение на судирите во овие наши денови, истакна папата Фрањо. Молитва на Папата е „сите присутни да се обноват и охрабрат во својата итна потреба за работа и нивните напори да вродат со обилна жетва на мир во светот“, стои во пораката.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот